25-годишниот центар, Треј Џејмисон, (198 см) имаше успешен пробен период во редовите на Њујорк и ќе потпише двонасочен договор. Тој помина две сезони во НБА во редовите на Њу Орлеанс и ЛА Лејкерс. Во претходниот шампионат одигра 38 натпревари постигнувајќи просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Неговиот процент за шут беше солидни 55,4.
Author: dino
Напаѓачот на Кремонезе, Џејми Варди, откри дека легендата на Јуве и на Италија, Алесандро Дел Пјеро бил негов идол. 38-годишниот фудбалер во текот на летово го напушти англискиот Лестер а потоа му се приклучи на италијанскиот состав. Тој го посочи играчот што му бил инспирација за успех. „Кога бев мал, тоа беше Дел Пјеро. Гледањето како игра беше неверојатно. Гледањето како постигнува голови секоја недела беше мотивација за мене“ – изјави Варди за локалните медиуми.
Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, дефинитивно ќе го пропушти дербито со Лацио. Тој доби повреда на неделниот меч со Торино одигран во рамките на Серија „А“. Аргентинецот нема да игра и на првиот натпревар против Ница во Лига Европа и против Верона во рамките на домашниот шампионат на 28 септември. Дибала претходно имаше поголема пауза бидејќи ја оперираше тетивата.
Роберто Де Зерби со неговиот Олимпик Марсеј, доцна вечер ќе гостува на стадионот „Сантијаго Бернабе“ кај Реал Мадрид во првото коло во Лигата на шампионите. Тренерот на францускиот состав е свесен дека неговите фудбалери ги очекува тежок меч кај еден од кандидатите за освојување на шампионскиот пехар. „ Учеството во Лигата на шампионите ни носи огромна одговорност. Во нападот не смееме да ја изгубиме храброста. Реал е еден од најсилните тимови на континентот“ – потенцираше Де Зерби.
Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, се насочи кон денешното гостување кај Јувентус на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. „Сè уште не сме одлучиле како ќе играме иако сме целосно подготвени. Постои голема конкуренција, имаме различни профили на играчи и мора да го најдеме вистинскиот баланс“ – рече Ковач. „Домашната предност е за Јувентус. Ќе има 40.000 навивачи на трибините. Исто така, ќе мора да го издржиме и притисокот “ – потенцира тренерот на „милионерите“.
23-годишниот лидер и центар на турската репрезентација, Алеперн Шенгун, верува дека кошарката ќе донесе многу радосни моменти во неговата татковина. „Сега не можевме да освоиме злато но, највредното нешто што го добивме беше поддршката од секој граѓанин на нашата земја“ – рече Шенгун по завршувањето на Евро-баскетот. „Кошарката во Турција ќе продолжи да се развива. Верувам дека заедно можеме да достигнеме уште поголеми височини“ – рече носителот на сребрениот медал.
Кошаркарот, Коби Буфкин, добива нова шанса со екипата на Бруклин. Во исто време Атланта ќе ослободи место во ростерот. 15-тиот избор на НБА драфтот во 2023 година, ќе замине во Бруклин за одредена сума, објави „ESPN“. Нетсите имаат капитален лимит од 11,6 милиони долари и сигурни 15 играчи со загарантирани договори. Буфкин во текот на изминатите две сезони одигра само 27 мечеви за Атланта и имаше просек од 5 поени и 1,6 асистенции за околу 12 минути поминати на паркетот.
Инсајдерот, Кори Тулаба, објаснува зошто осмиот избор на Бруклин Нетс на НБА драфтот, Егор Демин, би можел да биде позитивен. „ Тој е висок 198 см со неверојатно креативни и манипулативни вештини за додавање. Кога ќе ја погледнете траекторијата на лигата во која играчите не се врзани за одредена позиција и можат да ротираат, мислам дека навистина вреди“ – рече Тулаба. „Мислам дека Бруклин презеде многу пресметан ризик со играч кој може да се наметне во денешната НБА“ – рече познатиот инсајдер.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, е немилосрден во критиките кон сегашниот состав и нивниот менаџер, Рубен Аморим. Тимот од „Олд Трафорд“ беше целосно надигран од Манчестер Сити во текот на викендот. „Тие се само просечен тим во првенството. Нема знаци дека работите ќе се подобрат. Јунајтед фрла пари само на тренери“ – вели Кин. „Лук Шо на првиот гол… тој е англиски репрезентативец. Мислам дека со години ја избегнува одговорноста. Има стотици натпревари а нема ниту правилна положба на телото“ – рече Кин.
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, признава дека Александар Исак, можеби нема да блесне во првите неколку натпревари бидејќи календарот е набиен со почетокот на Лигата на шампионите. Шведскиот репрезентативец, кој беше купен од Њукасл за 125 милиони фунти, беше изоставен за мечот со Барнли. „Го зедовме од Њукасл и видовме дека му требаат повеќе минути на тренинг. Не можеме да му дозволиме да игра двапати за три дена“ – рече тренерот на „црвените“.
