Author: dino

NBA

НБА Ол-стар мечот ќе се одржи во форма на мини-турнир. Според, Адам Силвер, идејата е да се врати популарноста.  На главниот настан ќе учествуваат три екипи составени од 16 американски и осум странски играчи. „Се обидувам да им објаснам на младите, дека Ол-стар мечот е значаен.Тоа е  начин да се подигне нивото на внимание кај публиката преку интеракција со играчите“ – рече комесарот на НБА.

Read More

Луѓето од Барселона се надеваат дека Франк де Јонг ќе може да игра против Њукасл на стартот на Лигата на шампионите. Мечот со англичаните ќе биде одигран наредниот четврток на 18 септември. Фудбалерот на Холандија се повреди за време на репрезентативната пауза и ќе мора да одмора извесен период. Тој дефинитивно ќе го пропушти мечот со Валенсија во текот на викендот во Примера Дивизион.

Read More

Екипата на Ал-Шабаб од Саудиска Арабија официјално го потпиша играчот од средниот ред на Милан, Јасин Адли. Договорот е вреден 8 милиони евра и ќе биде валиден до 2028 година. Се очекува Французинот да заработува годишна плата од 7 милиони евра. Младиот играч на Пари Сен Жермен му се приклучи на Милан во 2021 година од Бордо, но не успеа да се етаблира. Минатата сезона ја помина на позајмица во екипата на Фиорентина но, тимот од Фиренца не се одлучи да му го откупи договорот.

Read More

Жоао Лопес кој влегува меѓу кандидатите за прв човек на фудбалскиот состав на Бенфика, најави дека ќе го ангажира Бернардо Силва доколку победи на изборите. Договорот на 31-годишниот играч од средниот ред со Манчестер Сити е до 30 јуни 2026 година. Бернардо потекнува од клубот од Лисабон. Претседателските избори на Бенфика ќе се одржат на 25 октомври. „Можам да потврдам дека договорот на Бернардо е готов. Навистина сакам да го доведам во јануари“ – рече Лопес.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја започнаа новата сезона во групата „Б“ во Лигата на шампионите. Тие во преполната сала во Битола го совладаа тимот на Загреб со 25:23 (13:12). Во прекрасен амбиент „зелено-белите“ одиграа одлично во самата завршница и успеаја да ја задржат предноста кој им ги донесе и првите бодови. Кај домаќинот се издвои Дејан Манасков со осум голови пред Кузмановски со шест и Хосни со четири. Во тимот од Хрватска се наметна Главаш со 7 голови. Еурофарм Пелистер во второто коло на 18 септември ќе гостува кај ПСЖ кој денеска загуби на гостувањето кај Магдебург со…

Read More

Селекторот на нашата А фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, по убедливиот триумф против Лихтенштајн со 5-0 во квалификациите за Мундијалот, вели дека е задоволен од прикажаната игра.   „Сакам прво на сите македонски граѓани да им го честитам празникот 8 септември. Да му честитам на противникот, секако, честитки и за нашите фудбалери и имам само да кажам – секоја чест, за секој од нив. Секоја чест за сериозноста, пристапот и се останато. Лихтенштајн одигра колку што му дозволивме ние“ – вели Милевски. „Наредниот меч е со Белгија, подготовката секогаш е иста без разлика дали противник е Лихтенштајн, Белгија или Кзахстан. Главната цел…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа против Лихтенштајн со 5-0 во квалификациите за Мундијалот а во листата на стрелците се запиша и Лука Станковски кој го имаше дебитантскиот настап. „Нормално дека ми е мило за погодокот, тоа е сон на секој играч но, најважно од сè е што Македонија победува. Среќни сме за трите бода“ – рече Станковски кој влезе во вториот дел. Нашата репрезентација наредниот предизвик ќе го има на теренот на главниот фаворит во групата, Белгија. Тој меч ќе биде одигран на 10 октомври.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, по триумфот против Лихтенштајн во Скопје, потенцира, дека сите го даваат максимумот на теренот. „Квалитетен натпревар, знаеме колку ни беа значајни трите бода. Се надевам дека така ќе продолжиме и понатаму, без разлика што не чекаат многу потешки натпревари“ – вели Елмас.  „Одиме да го сочуваме нашиот сон од детството и да се пласираме на Светското првенство.  Го давам максимумот не само за нашите сонови туку и за соништата на малите дечиња кои што не гледаат. Од нив можеби еден ден ќе стане голем фудбалер и ќе ги брани боите на Македонија“ – рече Елмас.

Read More

Нашите најдобри фудбалери забележаа сигурна и очекувана победа против Лихтенштајн и се вратија на првото место во квалификациската групата „ Ј “ за пласман на Светското првенство во 2026 година. На Арената во Скопје избраниците на селекторот, Милевски, беа подобар противник во сите 90 минути и заслужено прокнижија нови три бода. Головите за нашата селекција ги реализираа: Елмас, Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски. Македонија в пресрет на гостувањето кај Белгија закажано на 10 октомври, ја има челната позиција на табелата со 11 бодови пред Велшаните со 10.

Read More

Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува пресметката со Лихтенштајн во новата рунда од квалификациите за Светското првенство. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, од 18.00 часот на Арената во Скопје ќе влезат како големи фаворити против аутсајдерот во групата кој досега има четири порази во исто толку мечеви и нема постигнато гол. Статистиката вели дека Македонија и Лихтенштајн се сретнале 12 пати. Ние имаме 11 победи а еден меч завршил нерешено. Гол разликата е убедливо на наша страна 45-5.

Read More