Канадскиот тенисер, Феликс Оже-Агер, кој загуби од Јаник Синер во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, вели дека не е разочаран од прикажаното. „Само сакам да одвојам малку време да уживам во турнирот и во сè што беше добро. Очигледно ја градиш својата иднина а потоа се обидуваш да се подобриш“ – вели тенисерот. „Се борев против Јаник. Имав неколку добри поени. Секако, се чувствувам конкурентен, но иднината ќе покаже колку сум блиску до нивото на Синер“ – нагласи Канаѓанецот.
Author: dino
Арсенал го објави својот состав за групната фаза од Лигата на шампионите. Импресивно е што 15-годишниот офанзивен играч од средниот ред Макс Дауман е вклучен во проширениот состав на „топџиите“. Младиот играч дебитираше во Премиер лигата на мечот со Лидс во второто коло а една недела подоцна запиша минути и во големото дерби против Ливерпул. Доколку Дауман се појави на натпревар до крајот на декември, тој ќе стане најмладиот играч што дебитирал во Лигата на шампионите. Рекордот го држи играчот на Борусија Дортмунд, Јусеф Мукоко, кој дебитираше на 16 години и 18 дена.
Новиот селектор на фудбалерите на Италија, Џенаро Гатузо, денеска ќе дебитира на мечот со Естонија во квалификациите за Мундијалот. „Мораме да бидеме скромни но, и арогантни. Скромноста значи да се враќате назад кога нема да погодите додавање а арогантноста значи да направите тешко додавање“ – вели Гатузо. „Бројките не се премногу значајни за мене ниту формацијата со која ќе играме. Ја анализираме Естонија два месецa. Опасни се на контра напади и мора да бидеме на висина на задачата“ – вели Гатузо.
Некогашниот НБА играч, Џеф Тиг, проценува дека Бен Симонс треба да се пензионира и да ја заврши кариерата. „Лесно можам да го замислам тоа. Заработи 203 милиони долари, тоа е многу. А сега е сè завршено“ – вели Џеф. „Дали сте го виделе на теренот? Веќе не може да се движи, трча како човек со болки во грбот. Не е здрав. Време е да се запре и да не биде предмет на потсмев“ – вели поранешниот играч .
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не крие дека не е задоволен од лошата трансферна политика на клубот. Тој гласно реагирал бидејќи клубот не успеа да го донесе Конор Галагер во летниот преоден рок. Аморим лично притискал за трансфер на играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид. Португалецот исто така не е задоволен од одлуката што Јунајтед не го одобрил барањето на Коби Мајно да замине на позајмица во друг клуб.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, поради проблеми со мускулите го напушти составот на Португалија. Неговото место ќе го заземе Нуно Тавареш од екипата на Лацио. На 6 септември, португалската репрезентација ќе гостува кај Ерменија во квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство. Засега нема информации дали Далот ќе биде подготвен за големото дербо со Манчестер Сити закажано на 14 септември во рамките на Премиер-лигата.
Промотерот Еди Хoрн не е сигурен дали боксерот во тешка категорија Ентони Џошуа воопшто ќе се бори до крајот на годинава иако се поврзуваше со борби против Тони Јока и Џејк Пол. Tој очекува поранешниот шампион да се врати во рингот во почетокот на 2026-та во јануари или февруари. „Не мислам дека е добра идеја декември. Тој патува веќе некое време и се врати на тренинзите по операцијата на лактот“ – рече Хорн.
Екипата на Голден Стејт ризикува да го изгуби Џонатан Куминга без обештетување во наредното лето. Кошаркарот е подготвен да ја прифати квалификациската понуда на тимот од 7,9 милиони долари за да стане неограничен слободен агент во летото во 2026 година. Во меѓу време тимот инсистира за двегодишен договор од 45 милиони долари со опција за продолжување на втората сезона и клаузула за отказ.
Де’Арон Фокс успеа да ја санира повредата. Кошаркарот на Сан Антонио покажа својата моментална подготвеност за време на егзибициски натпревар во неговиот младински кошаркарски камп. „Кажете им на сите дека сè уште можам да скокам“, рече играчот на Спарси. Де’Арон имаше операција на малиот прст на ногата некаде во месец март. Тој во пресрет на новата сезона во НБА лигата доби продолжување на договорот во висина од 229 милиони долари
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија првиот трофеј во новата сезона откако во Супер Купот го совладаа Вардар со 28:27. Во салата во Кавадарци во крајно изедначен меч со драматична завршница, „зелено-белите“ од Битола беа повешти и успеаја да дојдат до победата. Кај Пелистер се наметна Хосни со 9 погодоци пред Тајник со 4 додека кај Вардарци се издвоија Кавада со 6 (сите од пенал) и Талески со 5 голови. Сега „Вардарци“ останаа на четири пехари, „пелистерци“ бројат до три додека Алкалоид има еден трофеј во Супер Купот.
