Италијанскиот фудбалски состав, Рома, успеа да го ангажира дефанзивецот, Јан Зиелковски, објави официјалната веб-страница на калчо-лигашот. Договорот со 20-годишниот Полјак ќе биде валиден до летото во 2030 година. Тој доаѓа од екипата на Легија. Корпулентниот стопер во претходната сезона се појави на 28 натпревари, постигна 2 гола и имаше 2 асистенции.
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, се осврна на вчерашната голема победа во дербито со Арсенал во рамките на третото коло во англиската Премиер лига. „Мора да бидете одлични кога играте против Арсенал посебно против нивниот напад. Мислам дека Вирџил ван Дајк беше одличен“ – рече Слот. „Црвените“ со максимален ефект по три кола се наоѓаат на врвот на Премиер лигата пред екипата на Челзи која заостанува два бода.
Англискиот фудбалски состав Нотингем Форест, го купи бразилскиот голман, Џон Виктор од екипата на Ботафого, објави веб-страницата на англискиот клуб. Откако 29-годишникот потпиша тригодишен договор, спортскиот директор на клубот, Рос Вилсон, вели дека тоа е одличен потег. „ Тој доаѓа тука со желба да остави впечаток и ние сме воодушевени што го пречекуваме“ – рече Вилсон.
Кошаркарот, Танасис Антетокунмбо, се враќа во Милвоки откако пропушти една сезона за да ја санира повредата поради скината Ахилова тетива, објави доцна синоќа НБА тимот. Постариот брат на двократниот МВП, Јанис, играше за Милвоки од 2019 до 2024 година. Toj одигра 34 натпревари за Бакс во текот на сезоната 2023-2024. Танасис имаше просек од 2,4 поени и 1,6 скока за речиси 8 минути поминати на теренот по натпревар.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, ги помина задолжителните медицински прегледи и вечерва потпиша четиригодишен договор со екипата на Глазгов Ренџерс. Миовски од утре ќе може да и се придружи на екипата со што ќе влезе и во ростерот за неделното големо дерби против Селтик во рамките на 4-то коло на шкотскиот шампионат. Голгетерот во 2024 година го напушти Абердин и направи трансфер во шпанската Жирона но, таму не доби шанса да се наметне.
Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, наскоро би можел да потпише нов договор со клубот, објавуваат италијанските медиуми. Двете страни се заинтересирани да ја продолжат соработката и да најдат заеднички јазик околу висината на платата на Аргентинецот. Дибала во март годинава заработи потешка повреда и мораше да оди на рехабилитација. Тој по неколку месеци надвор од стадионите, во саботата се појави на мечот со Болоња на стартот на новата сезона во Серија „А“.
Челниците на фудбалскиот состав Нотингем Форест се заинтересирани да го купат дефанзивецот на Јувентус, Никола Савона, објави – „Скај Спорт Италија“. Неговиот договор е валиден до 30 јуни во 2030 година. Деновиве Италијанците ја одбија првата понуда на англискиот клуб која вредеше 11 милиони евра. 22- годишниот фудбалер постигна два гола и имаше една асистенција во претходната сезона.
Капитенот на фудбалскиот состав Њукасл, Бруно Гимараеш, откри дека немал никаков контакт со соиграчот Александар Исак кој тренира оделно од екипата бидејќи сака да направи трансфер во Ливерпул. „Тренираме наутро а тој се подготвува во друго време кога нема никој. Тоа е многу тешка ситуација и не можеме да ја контролираме“ – вели Гимараеш. „Дефинитивно ни недостасува нашиот најдобар стрелец од минатата сезона. Се надеваме дека ќе го вратиме“ – изјави Гимареш.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Александро Гарначо тренира одвоено од тимот и чека да направи трансфер во Челзи. Познато е дека Аргентинецот беше избришан од составот на „црвените ѓаволи“ по конфликот со менаџерот, Рубен Аморим. Медиумите денеска тврдат дека лондончани испратиле понуда до максимални 40 милиони фунти но, истата била одбиена. Во исто време Гарначо отфрли голем број на други понуди. Т ој инсистира да замине во Челзи иако за неговиот потпис беа заинтересирани екипи од Англија, Германија и Саудиска Арабија.
Поранешниот прв човек на Формула 1, Бaрни Еклстоун, предвиде дека Холанѓанецот, Макс Верстапен доколку се определи да оди во екипата на Ферари тоа ќе значи крај на неговата кариера. „Да се надеваме дека тоа нема да се случи. Тој секогаш може да претвори добар тим во победнички тим“ – рече Берни. Верстапен освои 4 последователни титули со Ред Бул но, во тековнава сезона има забележано само 2 победи.
