Author: dino

Непосредно пред трката за Големата награда на Холандија, ФИА воведе важна промена во прописите на патеката Зандворт која ќе се спроведува од утре. Toa се однесува на максималната брзина во боксот, која претходно беше 60 км/ч, но за овој викенд се зголемува на 80 км/ч. Брзината беше наметната поради потесната бокс-лента и поголемиот ризик од несреќи. Сепак со помалата брзина возачите поминуваат повеќе време таму со што се ограничуваат стратешките опции на екипите.

Read More

Селекторот на турската репрезентација, Ергин Атаман, верува дека неговиот тим играл совршена кошарка откако ја совлада Летонија со 93:73 на стартот на Европскиот шампионат. „Се браневме добро, ја движевме топката и ја презедовме контролата врз играта. Почетокот на второто полувреме беше исто така клучен но, не му дозволивме на противникот да најде лесни шутеви.“ – рече Атаман. „Мислам дека одигравме совршена кошарка. Toa е многу важна победа. И покажавме на цела Европа дека сме еден од најдобрите тимови на овој турнир“ – рече Атаман

Read More

Репрезентативецот на Словенија, Лука Дончиќ, изјави дека секогаш е среќен што игра за неговата татковина. „Многу сум среќен што сум тука, секогаш е задоволство да ја претставувам својата земја. Тоа е лесен избор и секогаш сум го правел, без разлика на сè. Едвај чекам да започнеме.“ – рече Дончиќ. „Не знам што се променило од Евробаскет 2022, се обидувам да се подобрувам секој ден. Стареам, поминаа три години и за мене малку работи се променија“ – рече играчот на Словенија.

Read More
NBA

Кошаркарот на Далас, Кајри Ирвинг, потенцира дека постигнал одреден напредок во својата рехабилитација. Бекот на Маверикс имаше скинат преден лигамент на ногата и мораше да оди на операција.  „Бев во теретана и вежбав уште малку. Напредокот е постепен и закрепнувањето оди одлично. Поминаа 5 месеци од операцијата“ – сподели дефанзивецот на социјалните мрежи.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија, Тајрис Халибартон, проговори за својата врска со колегата од репрезентацијата на САД, Џоел Ембид. „ Ембиид нема многу луѓе блиски до него. Мислам дека јас сум еден од нив.Неодамна добив видео повик од него. Бев изненаден и му кажав дека никогаш не се јавува на никого. Стана јасно дека е навистина загрижен за мене“, заклучи Халибартон . Кошаркарот на Индијана Пејсерс се опоравува од скината Ахилова тетива.

Read More

Тренерот на фудбалскиот состав Хајдук, Гонзало Гарсија, доби две засилувања кои ќе покријат одредени позиции во дефанзивата и во средниот ред. Хуго Гилјамон кој игра како дефанзивен фудбалер за врска a може да ја покрие и стоперската позиција, доаѓа од Валенсија без обештетување и потпиша договор за две сезони. Toj за шпанскиот состав има одиграно 146 натпревари и постигнато пет голови. Второто име во тимот е Едгард Гонзалез кој е времено ангажиран за една сезона. Тој има договор со Алмерија до 2028 година. Централниот дефанзивец во изминатата сезона во втората лига на Шпанија одигра 40 мечеви и успеа да постигне…

Read More

Фудбалерите на Интер доцна синоќа го прегазија Торино со 5-0 во старниот меч во новата сезона во Серија „А“. Нивниот тренер, Кристијан Киву, не крие дека е презадоволен. „Момците ги оставија настаните од минатата сезона и го демонстрираа вистинскиот потенцијал. Од првиот ден, сите се вратија во реалноста, работеа под голем притисок и никогаш не се пожалија“ – рече Киву. Романецот не беше расположен да зборува за евентуални нови трансфери.

Read More

Челниците на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, ги прават последните обиди да го ангажираат напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Медиумите наведуваат дека калчо-лигашот сака да го ангажира Данецот како позајмен играч со опција за откуп за околу 40 милиони евра. Хојлунд има искуство од Серија „А“ бидејќи во минатото настапуваше за екипата на Аталанта.

Read More

Екипата на Евeртон објави на социјалните мрежи дека го ангажирала досегашниот фудбалер на Саутемптон, Тајлер Диблинг. Крилниот напаѓач се согласил да потпише договор за четири сезони. Според информациите основата на трансферот е 35 милиони фунти но, ќе бидат вклучени и одредени бонуси. Младиот играч кој има само 19 години, во претходната сезона одигра 33 натпревари во Премиер лигата и постигна 2 гола.

Read More

Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити може да го купи голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума за 30 милиони евра откако „светците му дадоа зелено светло да го напушти клубот. 26-годишниот чувар на мрежата исто така се согласил да ја продолжи кариерата во Премиер лигата а сите страни вклучени во трансферот постигнале принципиелен договор. Италијанецот не настапи на мечот со Анже во текот на викендот одигран на стадионот во Париз.

Read More