Author: dino

Јунус Муса е нов играч на италијанскиот елитен состав Аталанта. Тој доаѓа на позајмица од Милан со опција да му биде откупен договорот за вкупни 30 милиони евра доколку се остварат неколку услови. „Росонерите“ го задржуваат правото да добијат и 10 проценти од евентуалниот негов нареден трансфер. Американскиот интернационалец кој одигра 82 меча за миланезите,  имаше понуди од Англија но, се определи да остане во Серија „А“.

Read More

Екипата на Калјари во финишот на преодниот рок успеа да обезбеди три нови имиња во ростерот. 31-годишниот ветеран, Андреа Белоти, по краткиот престој во Бенфика реши да се врати во Калчо-лигата. 2 Мартин Родригез треба да ја покрие стоперската позиција иако може да игра и како како лев бек. Педро со неговото искуство треба да биде освежување во одбраната на Калјари.

Read More

Фудбалскиот состав Нотингем Форест успеа да издејствува трансфер на напаѓачот на Арсенал, Олександр Зинченко, потврдија доцна во ноќта медиумите во Англија. Според објавеното, Украинскиот репрезентативец ќе остане на стадионот – „Сити Граунд“ до крајот на сезоната. Зинченко претходно настапуваше за Уфа, Манчестер Сити и ПСВ Ајндховен.

Read More

Англискиот фудбалски состав Фулам потврди преку социјалните мрежи дека го обезбедил напаѓачот Самуел Чуквезе. Црномурестиот играч доаѓа како позајмен од Милан со незадолжителна опција за откуп во вкупна вредност од 30 милиони евра со вклучени бонуси. Чуквезе е стандарден репрезентативец на Нигерија. Тој има одиграно 46 мечеви на кои постигнал седум голови.

Read More

Шефот на тимот на Ферари, Фред Васер, признава дека двојното откажување на тимот на трката за Големата награда на Холандија бил „многу тежок исход“. Според него, Скудерија нема потреба од дополнителна мотивација за трката во Монца“ закажана за викендот кој доаѓа. Ќе потсетиме дека Луис Хамилтон и Шарл Леклер излетаа од патеката Зандворт и го оставија тимот на Ферари без поени на првиот собир во Формула 1 по летната пауза.

Read More

Поранешната двократна шампионка на УФЦ, Аманда Нунеш, може да се врати во кафезот и да се соочи со Кајла Харисон во декември. Таа немала тренинг камп повеќе од две години а според  нејизниот тренер, Дин Томас, токму недостатокот на активност ја натералo да го забрза процесот. „Ми рече, полудувам, треба да најдам нешто да правам. Таа е здрава, нема повреди и затоа го организираме нејзиниот камп“ – рече Томас.

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав од НБА, Голден Стејт, се соочува со неизвесност додека Џонатан Куминга ги разгледува можните опциите околу неговата кариера. Вориорс во јуни му дадоа на кошаркарот понуда од 7,9 милиони долари за сезоната 2025-26 но, таа не е прифатена. Претходно 22-годишникот одби да остане во Голден Стејт за сума од 45 милиони долари.

Read More
NBA

Кошаркарот, Тејлен Хортон-Такер, доколку не добие понуда да остане во НБА лигата, има реални шанси да се пресели во европската кошарка. Американскиот бек во последната сезона настапи во редовите на Чикаго со просек од 6,5 поени, 1,7 скока и 1,4 асистенции за околу 13 минути поминати на теренот. Тој претходно ги бранеше боите на Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез. За неговите услуги е заинтересиран турскиот состав Фенербахче.

Read More

Нашата најдобра фудбалска репрезентација за краток период ќе одигра два меча. Првиот е пријателски со Саудиска Арабија на 4 септември во Прага а вториот доаѓа во Мундијалските квалификации со Лихтенштај на седми во Скопје. Стоперот, Ѓоко Зајков, очекува две победи. „Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар, мислам дека и досега покажавме карактер и секогаш треба да одиме на победа. Така градиме слика за нас како репрезентација и општо на тој начин за сите ривали повеќе да не почитуваат“ – вели Зајков. „Нормално дека е главна цел натпреварот со Лихтенштајн од квалификациите. Имаме доволно денови да се подготвиме и…

Read More

Баер Леверкузен по само два месеца се раздели со тренерот, Ерик тен Хаг, стои во објавата на германскиот фудбалски состав. Одлуката доаѓа по лошиот почеток во Бундес-лигата. „Фармацевтите“ загубија дома од Хофенхајм а потоа одиграа нерешено кај Вердер (3:3) иако имаа предност од два гола. „Одлуката не беше лесна. Никој не го сакаше тој чекор. Сепак, последните недели покажаа дека градењето нов и успешен тим не може да се осмисли без крајна цел“ – рече спортскиот директор на клубот, Симон Ролфес.

Read More