Author: dino

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, се огласи за отпуштањето на Жозе Мурињо. На 29 август, турскиот клуб му врачи отказ на Португалецот откако не успеа да стигне до групната фаза од Лигата на шампионите. „Разговарав со Мурињо за потребата да играме во подоминантен стил на крајот од сезоната. Треба да постигнеме 99 гола и да освоиме 99 бода“ – рече Коч. „Не е страшно да бидеш елиминиран од Бенфика, но начинот на кој бевме елиминирани беше неприфатлив. Ме натера да помислам дека така ќе продолжиме да играме и затоа се разделивме“ – нагласи првиот човек на турскиот фудбалски гигант.

Read More
NBA

Кармело Ентони и Двајт Хауард, заедно со поранешната ѕвезда на женската кошарка Сју Берд, беа примени во куќата на славните во НБА. Кармело Ентони е 10-ти во историјата на НБА со 28.289 поени. Тој е 10-кратен учесник во НБА Ол-стар. Освои три златни олимписки медали. Двајт Хауард, трикратен одбранбен играч на годината во НБА (2009-2011) и осумкратен Ол-стар играч. Сју Берд освои пет златни олимписки медали (2004, 2008, 2012, 2016 и 2020) и четири титули во женска НБА.

Read More

Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родри, изјави дека освојувањето на Златната топка не може да го надомести долгото отуството од стадионите поради повреда. „Повредата беше многу позначајна од Златната топка. Наградата беше здив на свеж воздух во време кога поминував низ навистина тежок период“ – изјави Родри „Среќен сум за признанието но, тоа не ми користи. Сè уште сакам да бидам истиот фудбалер“ – рече играчот на „црвената фурија“ и на „граѓаните“.

Read More

Почесниот претседател на Баерн Минхен и член на надзорниот одбор на Баварците, Ули Хенес, зборуваше за различни теми поврзани со клубот. „Многу сме среќни во Баерн. Ние сме вистинските победници во летниот преоден рок. Имаме силен тим и не мораше многу да го засилуваме“ – рече Хенес. „Понудивме 55 милиони евра за Ник Волтемаде а Штутгарт сакаше 75 милиони евра. На крајот, тој отиде во Нотингем за 90 милиони евра. Тоа се случува поради парите што доаѓаат од Саудиска Арабија“ – рече Хенсе.

Read More

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, нагласи дека сите се свесни за значењето на мечот со Лихтенаштајн и дека сите очекуваат три бода со кои ќе се вратиме на чело на табелата. „Таму на првиот меч ни беше тешко додека да ги отвориме. Така очекувам да биде и утре. Најзначајно е да се освојат трите бода. Го анализиравме Лихтенштај и фокусирани сме само на утрешниот меч“ – вели Барди. „Мислам дека сме свесни што не очекува. Три бода може да ни донесат многу, затоа мора да одиграме максимално“ – потенцираше Барди пред новинарите.

Read More

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, верува во успех на утрешниот меч со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот. „ Македонија според ранкгингот е фаворит но, имаме респект кон репрезентацијата на Лихтенштајн и кон сите противници. Нема фаворити на терен, има само на хартија. Ние сме решени да го дадеме максимумот за трите бода“ – вели Милевски. „Максимално сериозно работиме и се подготвуваме. Растодер се вклопува во тимот, сите се здрави, освен Висар Муслиу кој ќе паузира поради акумулирани жолти картони“ – изјави нашиот селектор.

Read More

Турските медиуми објавија дека челниците на Фенербахче постигале договор со францускиот тренер, Зинедин Зидан кој треба да го наследи отпуштениот Жозе Мурињо. Гигантот од Истанбул се определи да ја прекине соработката со Португалецот откако не обезбеди место во Лигата на шампионите за новата сезона. Популарниот Зизу нема ангажман откако си замина од редовите на Реал Мадрид. Со „кралевите“ ги освои сите можни трофеи во краток период.

Read More

Напаѓачот, Килијан Мбапе, со погодокот на мечот со Украина го израмни ефектот на Анри и се стационира на второто место на листата на најдобри стрелци на Франција на сите времиња. Прв во рангирањето е Оливи Жиру кој има реализирано 57 голови. Мбапе кој сега има 51 погодок не крие дека е задоволен. „Честитки до Тиери Анри! Но, сега сакам да го надминам! Чест е да се израмниш со играч како него. Рекордот се приближува“ – рече Мбапе.

Read More

Луѓето од фудбалскиот состав Брага потврдија дека големиот талент, Рожер Фернандеш, се сели во Џеда и во иднина ќе биде дел од составот на Ал Итихад. Според објавата, трансферот ќе биде со фиксни 32 милиони евра но, сумата може да се зголеми со одредени бонуси. 19-годишниот крилен напаѓач кој е роден во Гвинеја-Бисао,  во континуитет добива повик во младинската селекција на „европските бразилци“.

Read More

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, потенцира дека е затворен списокот за наредната натпреварувачка сезона во 2026 година. Познато е дека тогаш ќе има 11 екипи а Кадилак ќе биде едниствениот нов тим кој ќе влезе  во така наречениот „циркус на тркала“. „Нема повеќе простор во Формула 1. Од логистичка гледна точка дојдовме на границата на нашите можности. Има многу фондови и инвеститори кои сакаат да купат тимови“ – вели Доменикали.

Read More