Почесниот претседател на Баерн Минхен и член на надзорниот одбор на Баварците, Ули Хенес, зборуваше за различни теми поврзани со клубот.
„Многу сме среќни во Баерн. Ние сме вистинските победници во летниот преоден рок. Имаме силен тим и не мораше многу да го засилуваме“ – рече Хенес.
„Понудивме 55 милиони евра за Ник Волтемаде а Штутгарт сакаше 75 милиони евра. На крајот, тој отиде во Нотингем за 90 милиони евра. Тоа се случува поради парите што доаѓаат од Саудиска Арабија“ – рече Хенсе.

