Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, нагласи дека сите се свесни за значењето на мечот со Лихтенаштајн и дека сите очекуваат три бода со кои ќе се вратиме на чело на табелата.
„Таму на првиот меч ни беше тешко додека да ги отвориме. Така очекувам да биде и утре. Најзначајно е да се освојат трите бода. Го анализиравме Лихтенштај и фокусирани сме само на утрешниот меч“ – вели Барди.
„Мислам дека сме свесни што не очекува. Три бода може да ни донесат многу, затоа мора да одиграме максимално“ – потенцираше Барди пред новинарите.

