Author: dino

Нашата репрезентативка, Лина Ѓорческа, прогресираше за цели 32 позиции на новата ранг-листата на најдобрите светски тенисерки. Таа сега го има 207 место благодарение на одличните настапи на турнирите во Романија. Таму прво триумфираше во Слобозија а потоа учествуваше во финалето во Букурешт. Според најавите, Ѓорческа во наредните денови ќе се фокусира на турнирот во Куршумлијска Бања.

Read More

Двократниот шампион во Мото Гран При серијата, Франческо Бањаја, би можел порано да го напушти тимот на Дукати, наведува денеска италијанскиот весник  – „Ла Република“. Договорот, кој важи до крајот на 2026 година можеби нема да го спаси Италијанецот поради лошите настапи. Бањаја не ја заврши трката во Сан Марино со што ризикува да го загуби третото место во генералниот поредок. Неговиот клупски колега, Марк Маркез, освои двојно повеќе поени и ја обезбеди титулата.

Read More

Супер-ѕвездата на грчката репрезентација, Јанис Адетекумбо,  вели дека е задоволен од настапот на Европскиот шампионат и освојувањето на бронзениот медал. „Успеавме. Ова е веројатно едно од најголемите достигнувања во мојата кариера како спортист. Знам дека освоив НБА шампионат но, нема ништо подобро од претставувањето на вашиот национален тим и 12 милиони луѓе кои дишат и живеат за него“ – рече 30-годишниот кошаркар. Тоа беше прв медал за Грција на континеталните собири гледајќи од 2009 година. Тогаш исто така беше освоена бронза.

Read More
NBA

Поранешниот прв човек на Далас Маверикс, Марк Кјубан, вели дека драстично се промениле социјалните медиуми на кои доминира кошарката. „ Социјалните медиуми беа фантастична алатка за НБА кога стануваше збор само за навивачите да ги запознаат играчите и обратно. Беше пријателско и забавно. Речиси и да немаше омраза. Сега е сосема спротивното“ – вели Кубан. „Луѓето пишуваат нешто од типот: „Поради тебе, мојот облог не се оствари. Стигнавме до точка кога пишувањето е повеќе штетно отколку корисно. Секако, можете да објавите нешто, но, тоа може негативно да влијае на вашата психа“ – рече поранешниот сопственик на „Маверикс“.

Read More
NBA

Денис Смит се обидува да се врати во НБА лигата. 27-годишниот плејмејкер ќе се испроба во Њујорк Никс додека трае трениг-кампот. Смит беше деветтиот избор на НБА драфтот во 2017 година и ја помина првата сезона во Далас. После тоа, Смит играше во уште пет НБА клубови и конечно дојде во Европа. Тука не успеа да се наметне во Реал Мадрид по што се определи да ги напушти „кралевите“ како слободен кошаркар.

Read More

Ветераните на Брегалница и Црвена Ѕвезда утре во Штип ќе одиграат ревијален фудбалски меч по повод 100-годишнината на клубот под Исарот. Белграѓани со капитенската лента ќе ги предводи легендарниот, Владимир Петровиќ – Пижон а во тимот ќе бидат и нашите прославени фудбалери Илија Најдовски, Драган Канатларовски, Митко Стојковски и Горан Попов, кои еден дел од кариерата ја поминаа на стадионот – „Маракана“. Според предвидените пропратни активности, гостите од Србија ќе го посетат и споменикот на легендарниот, Драган Шекуларац, кој е роден во Штип и има одиграно 41 меч за поранешниот европскиот шампион и постигнато шест голови. Дуелот меѓу ветераните на…

Read More

Главниот лекар на Наполи, Рафаеле Канонико, го објасни степенот на повреда на фудбалерот, Ромелу Лукаку, кој реши да не се подложи на операција. Белгискиот напаѓач претрпе кинење на бутниот мускул за време на пријателскиот натпревар против Олимпијакос во предсезоната, што ќе го исклучи од терените четири до пет месеци. „Мора да разјасниме, имавме две опции: конзервативен третман или хируршка интервенција. Играчот одлучи да ја избере првата“ – откри специјалистот.

Read More

Литванскиот кошаркарски состав, Силуаи, може да го ангажира поранешниот играч на Лејкерси, Кам Редиш. Според најавите, 26-годишниот играч е во напредни преговори се литванскиот состав. Тој се надева дека набрзо ќе може да се врати во НБА. Минатата сезона ја помина во Лос Анџелес. На 33 натпревари имаше во просек 3,2 поени, 2 скока и 0,7 асистенции.

Read More

Лука Дончиќ, лидерот на словенечката репрезентација, стана еден од најдобрите на турнирот во однос на дефанзивниот рејтинг. Репрезентативесот на Словенија го дели првото место со Јам Мадар со просек на украдени топки (2,7). Дончиќ со досегашниот ефект може да влезе во потесниот избор за најдобрите дефанзивци на Евро-баскетот.

Read More
NBA

28-годишниот дефанзивец, Теренс Дејвис, (193 см) се приклучи на Сакраменто во април оваа година, потпишувајќи двегодишен договор. Сезоната 2025/26 не беше загарантирана во договорот. Дејвис помина пет години во најсилната лига на светов . Минатата сезона, кошаркарот играше главно во развојната лига, со просек од 14,3 поени, 4,7 скока, 2,8 асистенции и 1,1 украдена топка.

Read More