Супер-ѕвездата на грчката репрезентација, Јанис Адетекумбо, вели дека е задоволен од настапот на Европскиот шампионат и освојувањето на бронзениот медал.
„Успеавме. Ова е веројатно едно од најголемите достигнувања во мојата кариера како спортист. Знам дека освоив НБА шампионат но, нема ништо подобро од претставувањето на вашиот национален тим и 12 милиони луѓе кои дишат и живеат за него“ – рече 30-годишниот кошаркар.
Тоа беше прв медал за Грција на континеталните собири гледајќи од 2009 година. Тогаш исто така беше освоена бронза.

