Тренерот на фудбалскиот состав Хајдук, Гонзало Гарсија, доби две засилувања кои ќе покријат одредени позиции во дефанзивата и во средниот ред.
Хуго Гилјамон кој игра како дефанзивен фудбалер за врска a може да ја покрие и стоперската позиција, доаѓа од Валенсија без обештетување и потпиша договор за две сезони. Toj за шпанскиот состав има одиграно 146 натпревари и постигнато пет голови.
Второто име во тимот е Едгард Гонзалез кој е времено ангажиран за една сезона. Тој има договор со Алмерија до 2028 година. Централниот дефанзивец во изминатата сезона во втората лига на Шпанија одигра 40 мечеви и успеа да постигне два гола.

