Непосредно пред трката за Големата награда на Холандија, ФИА воведе важна промена во прописите на патеката Зандворт која ќе се спроведува од утре.
Toa се однесува на максималната брзина во боксот, која претходно беше 60 км/ч, но за овој викенд се зголемува на 80 км/ч.
Брзината беше наметната поради потесната бокс-лента и поголемиот ризик од несреќи. Сепак со помалата брзина возачите поминуваат повеќе време таму со што се ограничуваат стратешките опции на екипите.

