Author: dino

NBA

Сан Антонио Спарс доби одобрение од градскиот совет за нивниот нов проект за арената. Советот гласаше за учество во изградбата вредна 1,3 милијарди долари иако градоначалникот беше против таа идеја. Според информациите, 500 милиони ќе бидат инвестирани од клубот а 489 милиони ќе бидат обезбедени од градот. Во почеток на ноември ќе се одржи гласање на ниво на регионот кое ќе треба да одобри учество во проектот на другите 311 милиони.

Read More
NBA

27-годишниот кошаркар, Кејлор Кели, му се приклучи на составот од Лос Анџелес. Деталите од договорот не беа откриени. Тој во изминатата сезона одигра 11 натпревари во НБА (два како стартер) за Њу Орлеанс и Далас постигнувајќи просек од 3,1 поен и 3,5 скока за 11,5 минути.  Кели  кој беше во системот на Лејкерси и во претходното лето беше испратен во Г-лигата. Таму во дресот на Саут Беј Лејкерс одигра 32 меча.

Read More

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев оствари уште едно фантастично достигнување откако успеа да го преплива каналот Ла Манш. „Големи честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој оствари одлично време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е трикратен светски првак и беше примен во меѓународната Сала на славни во маратонски пливање“, се вели во информацијата на Асоцијацијата на Пливање преку каналот Ла Манш… Тој е петтиот пливач од Македонија што направил таков подвиг на Ла Манш.

Read More

Основното јавно обвинителство во Штип поднело кривична пријава против родителот на фудбалерот на Шкупи со иницијали А.А кој нападна дел од младите играчи на Брегалница. Инцидентот се случил во завршницата на мечот кога неговиот син добил црвен картон по што тој влегол на теренот и предизвикал потешки повреди кај младите фудбалери на Брегалница кои потоа беа примени во штипската болница. 43 годишниот скопјанец доби осумдневен притвор а по скратена постапка ќе следи и судење.

Read More

Влатко Колев е нов селектор на селекцијата У 17. Тој доаѓа на местото на Драган Начевски. Газмент Исеини е наследник на Васко Скендеровски на селекторското место во футсал репрезентацијата. – У.О. на ФФМ донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25. Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од ПМФЛ. Цените на влезниците за натпреварот Македонија – Лихтенштајн од квалификациите за СП на Националната арена „Тодор Проески“ ќе бидат: 300,00 денари за западната трибина, 400,00 денари за јужна и северна трибина. Влезница од…

Read More

На 14 септември во Скопје не чека голем меѓународен настан – АРММАДА . На официјалната промоција на големиот MMА инвент, проговори првиот човек на нашата федерација – Ивица Алексовски. „Благодарност до Министерството за спорт што ја препозна иницијативата за големиот инвент и ни излезе в пресрет. Очекуваме атрактивни борби и голем спектакл. Тоа ќе биде можност за нашите натпреварувачи да ги покажат квалитетите“ – рече Алексовски со напомена дека сите што сакаат да бидат во салата Јане Сандански од денеска може да набават влезници на продажната мрежа – „ТicketX“. Во една од вкупно 8-те борби ќе го гледаме Коста Георгиевски,…

Read More

Нашата каратистка, Ангела Мојсовска, освои златен медал на Европската Универзијата во Варшава (Полска) откако во финалната борба ја победи противничката од Косово, Мустафа Бехије. Таа настапи за универзитетот (Св, Кирил и Методиј – како член од К.К Макпетрол. Македонската универзитетска карате репрезентација освои вкупно три медали и оствари два високи пласмана. Медалите ги обезбедија Мојсовска (злато), Љупче Михаилов (сребро) Викторија Јовановска (бронза). Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг) завршија во Топ – 5.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Лидс, Даниел Фарке, се осврна на тешкиот поразот на неговиот тим кај Арсенал со 5-0 во рамките на 2 коло во Премиер лигата. „ Ќе беше убаво да се соочиме со Арсенал во подобар момент. Тие ги покажаа сите нови засилувања пред натпреварот и еуфоријата беше одлична “ – рече Фарке. „Тие постигнаа пет голови од пет прецизни удари. Тие беа подобриот тим и заслужено победија“ – рече тренерот на Лидс.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, вели дека има доволно опции во нападот и дека не зависи од евентуалното доаѓање на голгетерот на Њукасл, Александар Исак. Неговата изјава доаѓа пред денешниот меч меѓу двата тима на кој дефинитивно Исак нема да биде во ростерот на домаќините бидејќи инсистира да направи трансфер кај „црвените“. „Зависи како гледате на ситуацијата. Да, го продадовме Дарвин Нуњеш и го доведовме Уго Екитике. Џереми Фримпонг е исто така опција да игра како крило, тука е Фирц, на крајот, имаме шест играчи кои можат да покријат трите позиции во нападот“ – вели Слот.

Read More

Познатиот тренер, Ариго Саки, вели дека Макс Алегри треба да ја има целата поддршка од раководството на Милан иако „росонерите“ го загубија првиот сезонски меч и тоа на домашен терен од Кремонезе. „ Мислам дека клубот е должен да ги поддржи тренерот и играчите. Да се ​​изгуби првиот натпревар од сезоната не е пријатно“ – рече Саки. „Секој што мислеше дека неколку трансфери ќе бидат доволни за Милан да се опорави од неуспехот од минатата сезона, очигледно се излажа“ – рече поранешниот тренер на Милан

Read More