Влатко Колев е нов селектор на селекцијата У 17. Тој доаѓа на местото на Драган Начевски. Газмент Исеини е наследник на Васко Скендеровски на селекторското место во футсал репрезентацијата.
– У.О. на ФФМ донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25. Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од ПМФЛ.
Цените на влезниците за натпреварот Македонија – Лихтенштајн од квалификациите за СП на Националната арена „Тодор Проески“ ќе бидат: 300,00 денари за западната трибина, 400,00 денари за јужна и северна трибина. Влезница од Прва категорија,за северната и јужната трибина ќе мое да се купи за 500 денари.

