На 14 септември во Скопје не чека голем меѓународен настан – АРММАДА . На официјалната промоција на големиот MMА инвент, проговори првиот човек на нашата федерација – Ивица Алексовски.
„Благодарност до Министерството за спорт што ја препозна иницијативата за големиот инвент и ни излезе в пресрет. Очекуваме атрактивни борби и голем спектакл. Тоа ќе биде можност за нашите натпреварувачи да ги покажат квалитетите“ – рече Алексовски со напомена дека сите што сакаат да бидат во салата Јане Сандански од денеска може да набават влезници на продажната мрежа – „ТicketX“.
Во една од вкупно 8-те борби ќе го гледаме Коста Георгиевски, носител на црн појас и сениорски балкански шампион во олимписко таеквондо како и носител на кафеав појас во џудо. На големиот инвент посебно место ќе има и борбата на нашата млада натпреварувачка, Даниела Алексовска.

