Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром го продолжи договорот со тренерот, Васко Атанасов, кој ја презеде функцијата во финишот на сезоната 2022/23. Тој успеа да освои три последователни титули во првенството и да се израдува на два пехара во Купот и во Супер- купот на Македонија. „Горди сме што со продолжувањето на соработката обезбедуваме континуитет, стабилност и амбиција, за уште поголеми успеси. Воедно, потврдуваме дека дел од стручниот штаб ќе останат и неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски, како и Филип Босилков“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
Author: dino
Фудбалскиот состав, Наполи, сака да го ангажира нашиот Елиф Елмас на позајмица за 1,5 милиони евра со можност да му го откупи договорот догодина за 11,5 милиони, објавија дел од медиумите на „Чизмата“. Таа понуда веројатно ќе биде одбиена од германскиот Лајпциг кој бара двојно повеќе за да го пушти македонскиот репрезентативец. Според најавите, двете страни ќе ги интензивираат преговорите.
Аталанта го финализираше трансферот на Никола Крстовиќ од Лече. Договорот вреди 25 милиони евра плус 10 проценти од наредната продажба на фудбалерот. Тој е шестиот нов играч за тимот од Бергамо откако во текот на летово беа ангажирани: Никола Залевски, Одилон Косон, Камалдин Сулемана, Хонст Аханор и Марко Спортиело. Црногорскиот интернационалец во претходната сезона во Серија А постигна 11 гола и имаше 5 асистенции.
Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем се подготвен да испратат подобра понуда за Савио. Лондонскиот клуб ќе ја зголеми сумата на 80 милиони евра за 21-годишниот крилен напаѓач откако Манчестер Сити одбил понуда од 70 милиони. Бразилецот во сезоната 2024/25 одигра 29 натпревари во Премиер лигата. Тој постигна 1 гол и имаше 8 асистенции.
Некогашниот напаѓач на Челзи, Џими Флојд Хаселбенк, има фаворит за пехарот во Премиер лигата. „Манчестер Сити е фаворит за освојување на титулата. Сите зборуваат за Ливерпул и мислам дека ќе биде многу блиску но, Сити е тимот што треба да се победи“ -истакна Хаселбенк кој имаше комплименти за сонародникот Тиџани Рајндерс. „Тој нема да има толку асистенции како Де Брујне. Тој ќе биде подостапен и мислам дека ќе постигне повеќе голови од Белгиецот“ – вели поранешниот голгетер.
Екипата на Колорадо од Националната хокеарска лига на САД и Канада го ангажираше Виктор Олофсон. Шведскиот интернационалец потпиша едногодишен договор и ќе добие 1,575 милиони долари. Олофсон има 211 поени или 105 гола и 106 асистенции во 370 натпревари во кариерата во НХЛ.
Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Рико Луис, деновиве треба да ја продолжи соработката со „граѓаните“ до 2030 година, објавија дел од медиумите во Англија. 20-годишниот дефанзивец во претходната сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 1 гол и направи 2 асистенции. Луис пред две години дебитираше во дресот на „гордиот албион“ и досега има одиграно пет мечеви.
Луѓето од Интер планираат да се разделат со фудбалерот, Мехди Тареми, кој го пропушти целиот предсезонски тренинг период, објавија дел од медиумите во Италија. 33-годишниот напаѓач не се вклопува во плановите на новиот тренер, Кристијан Киву а „нероаѕурите“ се подготвени да го пуштат Иранецот без обештетување. Тој во претходната сезона одигра 43 средби на кои постигна три гола.
Хит потпишаа негарантиран договор со плејмејкерот, Џамир Јанг, (24 години, 190 см) кој ќе се натпреварува за двонасочен договор. Кошаркарот во претходната сезона одигра шест натпревари за Чикаго а беше дел и од Г-лигата. Јанг во тие мечеви дојде до просек од 21,7 поени, 7,0 асистенции, 4,5 скока и 1,9 украдени топки по натпревар.
Познатиот инсајдер, Џејк Фишер, не верува дека Расел Вестбрук, ќе потпише договор со екипата на Сакраменто. „Треба да видиме какви други потези може да направи Сакраменто пред да може да размислува за потпишување на Вестбрук. Тоа е единствената вистинска опција за играчот. Ако воопшто е во НБА во наредната сезона“, сподели инсајдерот. Познато е дека „Кралевите“ моментално имаат целосно исполнет состав.
