24-годишниот одбранбен играч (193 см), Лестер Кининес, ќе му се приклучи на тимот на Орландо и ќе се обиде да заработи стандарден или двонасочен договор. Тој помина три сезони во НБА, играјќи 54 натпревари и постигнувајќи просек од 4,8 поени, 1,7 скока и 1,1 асистенции за 11 минути. Кошаркарот го заврши последниот шампионат во дресот на Њу Орлеанс. На 9 мечеви имаше 8,6 поени и 2,6 асистенции.
Author: dino
Двократниот Ол-стар кошаркар, Рашард Луис, е ангажиран како тренер за развој на играчи во Сан Антонио. Шампионот на НБА од 2013 година работеше кај Спарсите во Летната лига. Луис беше помошник тренер во Детроит во сезоната 2022-23. Во текот на 16 сезони одигра 1.049 натпревари за Сиетл, Орландо, Вашингтон и Мајами.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ја отфрлиле новата подобрена понуда на Галатасарај за голманот, Едерсон. Турскиот клуб понуди околу 10 милиони евра за 32-годишниот Бразилец но, Англичаните инсистираат на поголема сума. Бразилецот е упорен на ставот дека сака да ја напушти Англија и да го облече дресот на Галатасарај.
Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Клаудио Ечевери, добил понуда да замине во редовите на Борусија Дортмунд. Наводно, Германците сакаат да го земат 19-годишниот офанзивен играч за врска на позајмица со можност да го откупат договорот. Ечевери во текот на зимскиот трансфер период ја напушти Ривер Плата и се пресели во редовите на „граѓаните“. Покрај „милионерите“, за услугите на Аргентинецот е заинтересиран и составот на Рома.
Луѓето од Интер се подготвени да се разделат со дефанзивецот, Бенџамин Павард, доколку добијат понуда од 20 милиони евра. Според медиумите, неговиот агент, Пини Захави, го понудил 29-годишниот Французин на Барселона но, Каталонците не се во можност да го ангажираат. Ќе потсетиме дека Павард во текот на летово одби богата понуда од Саудиска Арабија бидејќи не сака да го менува континентот.
Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Игли Таре, потврди дека се размислува за евентуален ангажман на напаѓачот Расмус Хојлунд. „Хојлунд е добра опција но, трансфер пазарот е секогаш непредвидлив. Влаховиќ е исто така опција, напаѓач мора да дојде“ – рече Таре. Ќе потсетиме дека „росонерите“ во текот на летово ги обезбедија: Самуеле Ричи, Лука Модриќ, Ардон Јашари, Закари Атекаме и Первис Еступинијан
Експертот на „ESPN“, Стивен А. Смит, објасни зошто го рангира Леброн Џејмс пред Коби Брајант. „Коби е петкратен шампион и затоа многу луѓе го ставаат пред Леброн. Коби беше убиствен. Играше беспрекорно. Тоа не значи дека не играше одбрана бидејќи очигледно беше одличен дефанзивец“ – рече Смит. „Тоа никогаш не се случило со Леброн. Ниеден тим со Леброн не беше толку лош како што беа Лејкерси во еден момент со Коби“ – рече Смит.
Кошаркарот на Голден Стејт , Џонатан Куминга, не сака да заостанува зад неговите колеги од драфтот во 2021 година во однос на вредноста на договорот. Според „Сан Франциско кроникл“, поентерот проценил дека е на истото ниво со Скоти Барнс и Кејд Канингем и очекува слична сума на договорот. Пет од шесте играчи избрани пред Куминга добија големи суми. Пример, Канингем кој беше прв пик и Еван Мобли (број 3) потпишаа продолжување на договорите во вредност од 269 милиони долари во период од пет години.
ФФМ денеска потврди дека кратовци го добиваат натпреварот од второто коло против Шкупи со службен резултат 3:0. – Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин. Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во „Куќа на фудбалот” за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата“, стои во дел од објавата. – ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост. Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната…
Шампионот на Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, ги откри сомнежите во врска со иднината на Кадилак кој од наредната сезона ќе стане 11-ти тим во така наречениот „циркус на тркала“. Според одредени шпекулации меѓу кандидатите што треба да седнат зад воланот на Кадилак се потенцираат: Валтери Ботас, Серхио Перез и Фелипе Друговиќ. „Велат дека сакаат да поканат искусни возачи. Во секој случај, нивото на возачите ќе зависи од тоа колку пари е подготвен да плати Кадилак“ – рече Вилнев.
