Author: dino

Спортскиот директор на Барселона, Деко, имал средба со агентот на фудбалерот, Франк де Јонг, на која се разговарало за продолжување на соработката со холандскиот интернационалец. Истата се случила во спортскиот комплекс на клубот, објави „Ел Чирингито“. Каталонците сакаат да го задржат играчот за врска како што направија неодамна и со дефанзивецот, Жил Кунде. Во исто време и Ерик Гарсија очекува да потпише договор со шампионот на Шпанија.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација со победа против Унгарија го заврши настапот во претквалификациите за Светското првенство во 2027 кое ќе се одржи во Катар. Во СРЦ „Кале“ во меч без резултатско значење околу местата на табелата, нашата подмладена селекција покажа повеќе од противникот и сосема заслужено ја однесе победата. Во нашиот табор Вајли беше најпрецизен со 23 кошеви пред Митревски и Ташовски со 14 поени. На крајот во нашата група Романија и Унгарија продолжија во квалификациите додека Македонија заврши на последното место со една победа и три пораза.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која се укинува котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига. За прв пат по речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат за учество во првенството.  Вкупната финансиска сума изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона. ФФМ одлучи екипата на Преспа да го пополни испразнетото место во второлигашкото друштво откако Беса 1976 се откажа од настап во сезоната 2025/26.

Read More

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голем скок на најновата листа која ја објави женската тениска асоцијација. Таа по двете финалиња одиграни на турнирите во Србија напредуваше дури 73 позиции. Ѓорческа со 247 поени фигурира на 282 место на ВТА листата додека во двојки е рангирана на 554-то. Магдалена Стоилковска, пак, ја зазема 1425-та позиција. Белорусинката, Арина Сабаленка останува лидер пред Ига Швјонтек од Полска и Американката, Коко Гоф.

Read More

Шпанскиот фудбалски состав, Мајорка, потврди дека го ангажирал централниот дефанзивец на Рома, Мараш Кумбула. Тимот од Примера Дивизион првично ќе плати 6 милиони евра а доколку се определи да му го откупи договорот во наредното лето, ќе треба да додаде уште два милиона на сметката на „волчицата“. Кумбула играше како позајмен и во Верона, Сасуоло и Еспањол.

Read More

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, нема да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, за претстојните натпревари од квалификацискиот турнир на Јужна Америка за Светското првенство во 2026 година. Италијанецот сака да го одмори брзоногиот напаѓач за мечот со Боливија закажан на 10 септември. Пет денови претходно „кариоките“ ќе му бидат домаќини на Чиле.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Аталанта времено го ангжираше Никола Залевски, од екипата на Интер, објавија дел од медиумите. Трансферот ќе биде 17 милиони евра. Ќе потсетиме дека „нероаѕурите“ пред само два месеца го купија полскиот играч од Рома откако заврши неговата позајмица. 23-годишниот дефанзивец има одиграно 84 средби за „волчицата“ и постигнато два гола. Во дресот на Интер се појави на 11 натпревари.

Read More

Луѓето од Наполи интензивно бараат нов голгетер откако Ромелу Лукаку заработи посериозна повреда на пријателскиот меч со Олимпијакос и ќе мора да го пропушти стартот на сезоната. Италијанците, наводно, ќе се насочат кон играчот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд иако во опција влегува и напаѓачот на Челзи, Николас Џексон. Деновиве имаше информација дека уште еден тим од Серија А е заинтересиран за Данецот. Станува збор за Милан кој исто така сака да го засили нападот.

Read More

Централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахим Конате, би можел да му се приклучи на Реал Мадрид на крајот од преодниот рок. Според шпанскиот весник АС, „кралевите “ не планираат да понудат повеќе од 25 милиони додека клубот од Англија бара 40 милиони евра. 26-годишниот дефанзивец го облече дресот на актуелниот шампион на Премиер-лигата во 2021 година.

Read More

Стоперот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, би можел да се пресели во екипата на Галатасарај, објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо. Според наведеното, турскиот клуб имал контакт со „граѓаните“ и агентот на фудбалерот. Швајцaрскиот репрезентативец претходно има настапувано за Винтертур, Базел и Борусија Дортмунд. Неговиот договор со англичаните е валиден до летото во 2027 година.

Read More