Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, нема да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, за претстојните натпревари од квалификацискиот турнир на Јужна Америка за Светското првенство во 2026 година.
Италијанецот сака да го одмори брзоногиот напаѓач за мечот со Боливија закажан на 10 септември.
Пет денови претходно „кариоките“ ќе му бидат домаќини на Чиле.

