Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која се укинува котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.
За прв пат по речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат за учество во првенството. Вкупната финансиска сума изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона.
ФФМ одлучи екипата на Преспа да го пополни испразнетото место во второлигашкото друштво откако Беса 1976 се откажа од настап во сезоната 2025/26.

