Author: dino

36-годишниот дефанзивец, Алексеј Швед, го одработи договорот со рускиот кошаркарски состав Зенит по што ќе го напушти клубот од Санкт Петербург. Швеѓанецот потпиша договор за време на регуларната сезона 2024/25 и му помогна на тимот да дојде до првото место по втор пат во историјата. Бекот одигра 33 натпревари за Зенит, постигнувајќи просек од 9 поени, 2,2 скока и 5,1 асистенции.

Read More

Фудбалерот на Рен, Арно Калимундо, ќе се пресели во Нотингем Форест откако беа договорени сите услови за реализација на трансферот. Нотингем за 23-годишниот напаѓач ќе плати околу 31,5 милиони евра. Французинот беше најдобар стрелец во Рен во изминатата сезона. Тој одигра 33 средби во ЛИга 1 со ефект од 17 голови и три асистенции.

Read More

Дефанзивецот, Абдулај Дакур, му се приклучи на саудискиот фудбалски клуб Неом како слободен играч откако го напушти англискиот состав Евертон „Фудбалот за мене не е само игра, тоа е сон, начин на живот. Денес е време да завртам нова страница со мојот трансфер во Неом. Книгата не е затворена, започнува ново поглавје“, рече Дакур. Тој сега ќе игра со  напаѓачот Александар Лаказет, играчот од средниот ред Амаду Коне и уште неколку други фудбалери кои претходно настапувале во Европа.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Барселона успеаја да ги регистрираат новите засилувања Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд за првиот сезонски меч со кој ќе се започне одбраната на титулата во Примера Дивизион. Голманот беше донесен од Еспањол и по сите перипетии во кои беше вклучен и Тер Штеген, сепак доби дозвола да игра. Истото се случи и со Англичанецот кој е ангажиран на позајмица од Манчестер Јунајтед. Тоа значи дека двајцата ќе му бидат на располагање на тренерот, Ханси Флик, за денешниот натпревар на теренот на Мајорка.

Read More

Фудбалерите на Вардар го завршија европскиот пат откако убедливо загубија на гостувањето кај Лозана со 5-0 во реванш-мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Швајцарскиот тим доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено продолжи во наредното коло со вкупни 6-2 гледно со првата средба во Скопје. Головите за Лозана ги постигнаа Душене, Ајдини, Траоре и Шене кој два пати ја матираше одбраната на „црвено-црните“.

Read More

Денеска беа формирани двојките за првото коло во фудбалскиот Куп на Македонија. Бранителот на пехарот, Вардар, ќе ја прескокне првата рунда. Еве ги двојкитеШкендија Арачиново – СасаБеласица – АрсимиЈенимаале – ШкендијаКарбинци – РаботничкиЕвротип – СилексПобеда Валандово – БрегалницаТетекс – ПелистерГФК Охрид – БрераЉуботен – Македонија ЃПСкопје – ТиквешКожув – ШкупиБашкими- ДетонитЕкипата на Пчиња ќе биде слободнаВо првата фаза од Купот ќе се игра еден меч а доколку нема победник во регуларниот дел веднаш ќе се изведуваат пенали.

Read More

Два дерби меча ќе го одбележат стартот на новата сезона во прволигашката фудбалска конкуренција во нашава земја. Бранителот на титулата Шкендија ќе излезе на мегдан со Шкупи додека во вечното дерби Вардар ќе се сретне со Пелистер. Новиот шампионат во елитната конкуренција ќе биде отворен на 8 август. Еве ги другите двојки во првото коло: Тиквеш – Работнички, Башкими – Арсими, Струга – Македонија ЃП  и Силекс – Брера.

Read More

Луѓето од Наполи ја разгледуваат можноста да го ангажираат на позајмица фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш, велат последните инфромации од „Чизмата“. Одличниот крилен напаѓач кој има договор до летото во 2027 година беше изоставен од летните подготовки. Англичаните за неговиот потпис бараат околу 45 милиони евра но, Италијанците се надеваат дека ќе имаат можност да го земат Грилиш како позајмен а потоа да му го откупат договорот.

Read More

Челниците на Интер испратиле понуда од вкупни 45 милиони евра за потписот на фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, објавија медиумите во Италија. Тоа е приближно сумата што тимот од Бергамо сакаше да ја добие за да му дозволи на напаѓачот да направи трансфер во друг клуб. Интернационалецот од Африка во претходната сезона одигра 31 меч. Тој имаше 15 голови и 5 асистенции.

Read More

Хапоел Тел Авив го објави назначувањето на Манос Пападопулос за директор на оделот задолжен за надворешни односи и стратегија на клубот и интеракција со Евро-лигата. Тој ќе биде одговорен за развивање, градење професионална соработка, стратешки развој, како и административна поддршка и лидерство. Пападопулос има богато искуство во европската кошарка бидејќи во поголем дел од кариерата работеше во Панатинаикос.

Read More