Author: dino

NBA

Поранешниот НБА играч, Маркус Морис, беше уапсен во неделата во округот Бровард, Флорида, под обвинение за измама. Некогашниот кошаркар е приведен под обвинение за кривично дело пишување чек без покритите. Според извештаите, тој бил уапсен на аеродром. Маркус одигра 13 сезони во НБА во Хјустон, Финикс, Детроит, Бостон, Њујорк, Клиперс, Филаделфија и Кливленд.

Read More

Крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Брајан Сарагоса, ќе игра на позајмица во Селта во новата сезона. Фудбалерот имаше и други понуди но, одлучи да ја продолжи кариерата во Виго. Во договорот ќе има и клаузула со можност на откуп на крајот на сезоната. Баварците го купија  крилниот напаѓач на крајот од 2023 година од Гранада за 15 милиони евра но, Шпанецот никогаш не успеа да се наметне за првиот состав.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскоиот состав Манчестер Јунајтед, Матијс де Лихт, се надева на подобра сезона од претходната. „Треба да ја вратиме самодовербата.  Сега во тимот владее позитивно расположение a пристигнаа i нови играчи. Имаме многу време да тренираме заедно, тоа е многу значајно“ – рече стоперот. „Се надеваме дека ќе можеме да им дадеме на навивачите повеќе причини да бидат среќни. Штета е што ќе ги пропуштиме Европските купови“  – вели играчот на „црвените ѓаволи“.

Read More

Членот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка во Формула 1 која беше возена за Големата награда на Белгија. Истата беше пролонгирана за еден час бидејќи дождот влијаеше на условите на патеката Спа-Франкошамп. За возачот од Австралија тоа беше 6-та победа во сезонава или осма во кариерата во Белгија. Ландо Норис од Мекларен беше втор додека третото место на подиумот го пополни возачот на Ферари, Шарл Леклер. Во топ 10 уште влегоа и Верстапен, Расел, Албон, Хамилтон, Лавсон, Ботолето и Гасли. Наредната трка во Ф1 ќе биде реализирана во Унгарија на 3 август. Пјастри засега е лидер кај…

Read More

Голманот, Вања Милинковиќ-Савиќ, го напушти тимот на Торино и во наредната сезона ќе игра како позајмен во шампионот на Италија – Наполи. Србинот кој ги поминал медицинските прегледи ќе има клаузула за задолжително откупување на неговиот договор. Тој во претходната сезона одигра 39 натпревари за „биковите“ во сите конкуренции.  На 11-ет од нив не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук, ги негираше шпекулациите дека турскиот гигант влегол во преговори со голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин. „Не сме воделе никакви преговори со Лунин. Постојат многу алтернативи, можеби ќе има уште“  – рече Бурук.  Познато е дека чуварот на мрежата на „кралевите“ не сака да седи на клупата по враќањето на првиот голман, Тибо Куртоа.

Read More

Челниците на Фулам  размислуваат да го задржат играчот на Арсенал, Рис Нелсон, за уште една сезона, објави весникот – „The Athletic“. 25-годишниот Англичанец повторно ќе оди на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на неговиот договор. Нелсон играше како позајмен во Фулам во сезоната 2024/25. Тој даде 2 гола и направи 1 асистенција во 13 натпревари. Неговиот договор со Арсенал е до 30 јуни во 2027 година.

Read More

Претседателот на МОК, Даниел Димевски им се заблагодари на сите учесници и истакна дека Македонија повторно покажа дека може да организира настан од европско значење со срце, страст и професионалност. Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос, официјално го прогласи фестивалот за затворен. Беше интонирана химната на Европските олимписки комитети – „Ода на радоста“, беше свечено спуштено знамето на ЕОК а олимпискиот оган на ЕМОФ беше изгаснат. Маскотата „Shiny“ последен пат ги поздрави присутните и го предаде знамето кое потоа беше врачено на градоначалничката на Лињано Сабјадоро, Лаура Ѓорџи, и на Џорџо Брандолин, претседател на организацискиот одбор на следниот летен…

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со двата гола на Бруно Фернандеш го совладаа во контролен меч тимот на Вест хем со 2 спрема 1. Нивниот менаџер, Рубен Аморим, не крие дека е задоволен од прикажаното. „Успеавме да постигнеме голови и тоа ни помогна да играме подобро. Имавме малку посед, се браневме добро и притискавме високо. Можеме подобро да играме со топката“ – вели Аморим. „Работиме со играчите за подобро да ја прочитаме играта, бидејќи денеска не знаете што ќе се случи“  – рече тренерот на „црвените ѓаволи“.

Read More
NBA

Големата кошаркарска ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, би можел да го напушти тимот откако ќе заврши наредната сезона во НБА лигата. Имено, Марк Штајн, нагласува дека иницијативата за раскинување на договорот со 40-годишниот Американец ќе дојде од клубот. „Кралот“ во претходниот шампионат одигра 70 натпревари со просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скока.

Read More