Челниците на Фулам размислуваат да го задржат играчот на Арсенал, Рис Нелсон, за уште една сезона, објави весникот – „The Athletic“.
25-годишниот Англичанец повторно ќе оди на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на неговиот договор. Нелсон играше како позајмен во Фулам во сезоната 2024/25.
Тој даде 2 гола и направи 1 асистенција во 13 натпревари. Неговиот договор со Арсенал е до 30 јуни во 2027 година.

