Македонскиот кајакар, Кристијан Смилев, успеа да влезе во финалето во дисциплината К1 на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Тој денеска имаше одлично возење во квалификациите обезбедувајќи го третото место. Пред него завршија само Марек Кулчиски од Полска и Аркип Крачко од Украина. Според предвидената програма, Смилев кој на отворањето на ЕМОФ 2025 го носеше знамето на Македонија, доцна попладне ќе има шанса да се бори за медал.
Author: dino
Весникот – „Газета дело Спорт“, објави, дека челниците на Рома водат интензивни преговори за купување на фудбалерот на Верона, Даниеле Џиларди. Целиот трансфер треба да се реализира за максимални 12 милиони евра (10 плус 2 бонуси). Иако засега нема потврда од двата клуба, медиумите се убедени дека 22-годишниот Италијанец ќе ја засили „римската волчица“ за наредната сезона. Дефанзивниот фудбалер го облече дресот на Верона во јуни во 2022 година.
Легендарната, Венус Вилијамс, ќе учествува на тенискиот турнир во Синсинати кој ќе се одржи од 7 до 18 август со награден фонд од 5.152.599 долари. 45-годишната Американка доби „вајлд карта“ од организаторите. Таа вчера на турнирот во Вашингтон ја победи сонародничката Пејтон Стернс со што стана највозрасната тенисерка која остварила триумф на ВТА турнир гледано од 2004 година. Тогаш Мартина Навратилова успеа да победи на 47-годишна возраст.
Новиот тренер на фудбалерите на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, сака да го ангажира напаѓачот Рахим Стерлинг кој не влегува во плановите на Челзи за наредната сезона. Тој претходно беше позајмен во Арсенал но, оствари минимални бројки (1 гол, 5 асистенции) и тоа главно влегувајќи од клупата за резерви. Бидејќи „фармацевтите“ останаа без неколку значајни играчи во текот на летово, нема да биде изненадување доколку брзоногото крило добие покана да се пресели во Бундес-лигата.
Кошаркарот на Милвоки, Кајл Кузма, вели дека во наредната сезона во НБА лигата ќе има далеку подобри бројки и дека ќе ги прикаже вистинските квалитети. Поентерот им се придружи на „Бакс“ во февруари и имаше просек од 14,5 поени, 5,6 скока и 2,2 асистенции во 33 натпревари од регуларната сезона. Во плејофот, неговите бројки паднаа на 5,8 поени и 2,2 скока за 20,4 минути. „Не играв како што сакав. Ќе треба да се фокусирам на моите кошаркарски вештини и да ја средам мојата шутерска форма“ – рече кошаркарот.
Лоренс Френк вели дека кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Крис Пол, ќе има променливо време на играње во наредната сезона во НБА лигата. „Во некои натпревари Крис ќе добие многу време за играње, во некои не толку. Крис ќе биде дел од тимот, еден од неговите лидери. И ќе излезе на теренот кога е потребно.“ – вели Френк. „Крис започна 82 меча во изминатата сезона и беше многу продуктивен. Тој има лидерство, неговиот натпреварувачки дух, неговата работна етика и неговиот професионален пристап е одличен избор за тимот“ – рече Френк.
Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа втората победа на Македонија. Тие ја совладаа Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. Третиот ден го одбележа и стартот на натпреварите во маунтајн бајк во Куманово на кои победија Ларс Пирс од Белгија и Швајцарката, Јаел Клаусер. Во атлетиката во скок во височина златото му припадна на Гркот, Харалампос Алвизатос, во фрлање копје најдобар беше Финецот, Јере Пенти Филјами додека на 5 км брзо одење триумфираше, Италијанецот Николо Видал. Во пливањето на 200 метри мешано најбрз беше Британецот, Остин…
ЕМОФ Скопје 2025 е еден од најуспешно организираните во историјата на Европскиот младински олимписки фестивал – со рекорден број од 15 спортски дисциплини во кои учествуваат преку 4000 спортисти, врвна организација и еуфорична спортска атмосфера, за која придоенсуваат и околу 700 волонтери. Фестивалот започна на спектакуларен начин, со соборување на еден светски рекорд во скок со стап и два европски рекорди (женската трка на 100 м и во стрелаштво). Дополнително, ЕМОФ Скопје 2025 бележи и рекордна медиумска покриеност и онлајн внимание. Над 500.000 гледачи за само три дена ги следеле натпреварите преку веб-страницата „еoctf.org“, воедно се остварени повеќе од 11…
Претседателот на МОК, Даниел Димевски, Министерот за спорт, Борко Ристовски, нашата одбојкарка, Матеа Попоска и странските претставници на ЕМОФ 2025, денеска имаа средба со новинарите. „Скопје и Куманово го живеат олимпискиот сон. Токму тоа што сакавме да го доловиме и да го донесеме тука во нашата држава се случи и полека тој олимписки дух сите започнуваме да го дознаваме бидејќи секој ден низ градот можете да забележите многу бои, сите бои на Европа, многу насмеани луѓе, весели со позитивна енергија. Се тоа ќе остане тука како прекрасен спомен за сите што ќе дојдат и ќе уживаат со нас“ – потенцираше Димевски.…
Шпанецот, Рубен Гарабаја Аренас, е нов тренер на ракометарите на Еурофарм Пелистер откако се согласил на договор за една плус една сезона. Тој утре во Битола ќе ја има првата средба со играчите. Гарабаја има 168 мечеви за Шпанија и постигнато 318 голови. Тој е носител на злато од СП, сребро од Европски шампионат, бронза од Олимписките игри во Пекинг и Мундијалот во Шведска. Гарабаја кариерата како играч ја започна во Адемар Леон а беше дел и од Моразо и Ваљадолид за во 2007 година да го облече дресот на Барселона. Со Каталонците освои 3 пехари во домашното првенство, два…
