Author: dino

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе го одигра првиот натпревар од второто коло од Лигата на шампионите со ФЦСБ од Романија, а УЕФА ја изврши ждрепката за третото коло. Доколку тетовчани успеат да го минат во двомечот романскиот ривал, во следната рунда од елитното друштво ќе играат со Шелбурн (Ирска) или Карабах (Азербејџан). Натпреварите од 3. коло на Лигата на шампионите се играат на 5/6 август и 12 август. Доколку Шкендија биде елиминирана од ФЦСБ се сели во третото коло на второто клупско натпреварување на Стариот континент. Ждрепката посака Шкендија ако се пресели во ЛЕ, да игра со ФК Копенхаген од Данска или Дрита од Косово. Третото…

Read More

24-годишниот фудбалер, Нил Ел Ајануи, потпиша договор со Рома до 2030 година, се пофали доцна синоќа елитниот состав од Рим на социјалните мрежи. Станува збор за млад играч кој е дел од репрезентацијата на Мароко. Тој доаѓа на „Чизмата“ откако италијанците се согласија да му платат 25 милиони евра на францускиот Ленс.   Нил во Лига 1 има одиграно 130 натпревари со ефект од 17 голови.

Read More

Фудбалскиот состав на Јувентус ќе се раздели со Тимоти Веа и младиот Мбангула за да обезбеди доволно средства за ангажман на Џејдон Санчо. Според најавите, Веа ќе оди во францускиот состав Олимпик Марсеј додека младиот крилен играч има реални шанси да го облече дресот на германскиот Вердер Бремен. Токму приходите од двата трансфера треба да и овозможат на „старата дама“  да го ангажира Санчо. Паралелно, Манчестер Јунајтед ја спушти трансферната сума за неговиот фудбалер на околу 25 милиони евра.

Read More

Атлетико Мадрид подготвува понуда за дефанзивецот на Челзи, Ренато Веига, кој во претходната сезона импресионираше во Јувентус но, мораше да се врати на „Стемфорд Бриџ“ откако истече договорот за позајмица. Тој дефинитивно не влегува во плановите на менаџерот на „сините“, Енцо Мареска и затоа ќе мора да бара нова средина. Англичаните се подготвени да го продадат за пониска сума. Шпанците веруваат дека може да ја добијат трката со англиските состави Борнмут и Вулверхемптон кои исто така се заинтересирани за потписот на Португалецот.

Read More
NBA

Трејси Мекгрејди кој е член на Куќата на славните на НБА, се наврати на минатото кога бил во друштво на легендарниот, Коби Брајант. „Беше неверојатно мудар човек. Имаше навистина добри принципи. Беше клучно за мене да учам од некој што има основа и интелигенција“ – рече Мегрејди. „Можев само да се јавам на бројот и да кажам: „Јо, заглавен сум тука,. Што да правам?“ Тој беше толку дарежлив што го сподели знаењето со мене“ – рече поранешниот кошаркар.

Read More
NBA

Кошаркарскиот состав Лос Анџелес одлучи да ја прекине соработката со 26-годишниот одбранбен играч, Џордан Годвин (193 см). Неговото заминување и воедно разделбата со Шејк Милтон, треба да им помогне на Лејкерси да ослободат простор за привлекување на Маркус Смарт. Годвин во претходната сезона на 29 натпревари  дојде до просек од 5,6 поени, 3,9 скока и 1,4 асистенции за речиси 19 минути поминати на теренот.

Read More

Францускиот фудбалер, Пол Погба, кој на времето играше за Манчестер Јунајтед, го критикуваше раководството на тимот за одлуката да се раздели со Маркус Рашфорд. „Лудо е, но среќен сум за него бидејќи тие го отпишаа. Јунајтед губи одличен играч. Штета за нив. За Барселона е одлично, да бидам искрен“ – рече Погба. „Манчестер Јунајтед купи неколку нови играчи а новиот тренер претпоставувам сака да изгради нешто негово“ – потенцираше Погба кој по паузата поради допинг скандалот конечно се врати на терените.

Read More

Луѓето од Баерн Минхен ги прекинаа преговорите со Штутгарт за трансфер на младиот Ник Волтемаде иако самиот фудбалер се согласил да ја промени средината. Имено, популарните „шваби“ не ја прифатија и втората понуда од 50 милиони евра + пет како бонуси што ги натера Баварците да тргнат во друг правец. Германскиот гигант сега ќе се насочи кон играчот на Ливерпул, Луис Дијаз, иако и „црвените“ не се расположени да се разделат со Колумбиецот.

Read More

Во центарот на вниманието беше величествената Парада на делегациите на која продефилираа спортисти од сите 49 земји учеснички, како и ЕОК тимот на бегалци. Потоа на присутните им се обрати и Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која официјално го прогласи фестивалот за отворен. „Голема е честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал, на којшто се собраа околу 4.000 спортисти коишто ја манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт. Тоа е можност за нашата земја да покаже дека сме добри домаќини, дека имаме спортска душа и…

Read More

Челниците на Реал Мадрид стапиле во контакт со луѓето од Ливерпул за да добијат информација околу можен трансфер на фудбалерот, Ибрахим Конате, наведуваат дел од медиумите во Шпанија и Англија. „Белите“ сакаат да ја дознаат сумата што ќе треба да ја платат за дефанзивецот на „црвените“ кој според неофицијални информации, има желба да остане на „Енфилд“. Неговиот активен договор е валиден до летото во 2026 година.

Read More