Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Дариус Бејзли, мораше со количка да го напушти мечот со Бостон откако се здоби со повреда. Тој во втората четвртина во обид да стигне до кошот падна на теренот и почна да се превртува од болка. Природата и сериозноста на повредата сè уште не се познати. Бејзли во летната лига има просек од 12,3 поени, 6,6 скока и 2,3 блокади по натпревар.
Author: dino
40-годишниот фудбалер, Един Џеко, откако во летниот трансфер период се врати во Италија и потпиша за Фиорентина, вели дека никој не смее да го отпише пред време. „Годините не се значајни. Се чувствувам добро, работиме напорно. Играчите се многу мотивирани“ – рече играчот од Босна и Херцеговина. „Никогаш не сум си поставил ограничувања и никогаш не сум кажал колку голови сакам да постигнам. Тимот е на прво место, головите и асистенциите се исто така моја работа“ -истакна ветеранот кој потпиша договор за една година со можност да му биде продолжен до 2027-ма.
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Александро Гарначо, иако не влегува во плановите на менаџерот, Рубен Аморим, нема намера да ја напушти Англија. Познато е дека 20-годишниот играч од Аргентина е трансферна цел на неколку екипи но, тој сака да остане во Премиер-лигата. Според проценките, неговата вредност на пазарот изнесува 45 милиони фунти. Гарначо има договор со „црвените ѓаволи“ до летото во 2028 година.
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, нема да му ја исполни желбата на новиот тренер, Чаби Алонсо, за ангажирање на дефанзивен фудбалер кој би дејствувал во центарот на одбраната. На состанокот одржан по враќањето од Светско клупско првенство во САД, Перез изразил разочарување од настапот на шпанскиот гигант и јасно ставил до знаење дека ќе троши пари само за играч од светска класа. Алонсо, пак, навел неколку имиња на фудбалери што сака да ги има во тимот но, неговиот предлог бил одбиен.
Селекторот Јошко Миленкоски ја собра репрезентацијата во Маврово каде ќе бидат одработени дел од подготовките за квалификациските пресметки со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство. „Нема да биде нималку лесно. Грција е во фокусот. Мора да се надеваме дека и во другите групи резултатите ќе одат на наша страна. Нема да има долги подготовки но, ќе бидат интензивни како и секогаш, како и во претходниот циклус“ – вели Миленковски. „Верувам дека добро ќе се подготвиме. Пријателски двомеч со Бугарија а потоа турнирот Чајка, кој ќе биде финална контрола. Имаме јасна цел – пласман на ЕП, тоа треба да…
Фудбалерите на Вардар влегоа во второто квалификациско коло за Конференциска лига откако го елиминираа составот на Ла Фиорита со вкупни 5-2 . Денеска во реваншот во Сан Марино кој заврши 2-2 , за домаќинот реализираше Фелипе а Јанкулов си постигна авто-гол додека стрелци за „црвено-црните“ беа Мато и Омерагиќ. Екипата на Работнички го заврши настапот во истата конкуренција откако и на реваншот во Скопје загуби од Торпедо со голот на Алфред уште во 14 минута. Белорусите одат натаму со вкупни 4-0. Силекс оствари пирова победа против Дечиќ со 2-1 во крајно интересен и возбудлив меч. Црногорците поведоа во 3-та минута…
Фудбалерот на Монако, Брил Емболо, има шанси да замине во екипата на Милан, наведуваат медиумите на „Чизмата“. Репрезентативецот на Швајцарија кој има договор до јуни во 2026 година, веројатно ќе добие понуда од „росонерите“ да се пресели во Милано. Црномурестиот напаѓач има играно за Базел, Шалке и Борусија Менхенгладбах.
Италијанскиот фудбалски состав Наполи, се откажува од идејата да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес, тврди денеска – „Скај Италија“. Шампионот на Серија „А“, сега ќе се насочи кон потписот на Лоренцо Лука од Удинезе кој имаше одлична сезона. Според непотврдени информации, двата тима се во напредни преговори за 24-годишниот Италијанец. Според проценките, трансферот нема да ја надмине сумата од 35 милиони евра.
Екипата на Сандерленд која се врати во Премиер-лигата, ќе се обиде да го ангажира искусниот фудбалер, Гранит Џака, објавија дел од медиумите во Англија. Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен добил понуда за три сезони. Германскиот тим пак, ќе инкасира околу 10 милиони доколку Џака се согласи да се врати во островскиот фудбал. Ќе потсетиме дека неодамна се појави шпекулација дека за 32 годишниот играч се заинтересирани и екипи од Саудиска Арабија.
Ракометарите на Алкалоид добија силен противник во баражот за пласман во групите на Европската лига на ЕХФ. Избраниците на Кирил Лазаров на извлекувањето беа во вториот шешир, а среќата не беше на страната на македонскиот тим затоа што го доби бундеслигашот Хановер за противник на патот кон групите во второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Двомечот ќе се одигра на 30/31 август, односно 6/7 септември. Алкалоид доаѓа во Европската лига како освојувач на ЕХФ Купот и со „вајлд-карта“. Екипата на Вардар 1961 како вуцешампион е директен учесник во групната фаза, додека место во оваа фаза преку квалификациите ќе бара екипата…
