Author: dino

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на трката за Големата награда на Германија која беше исполнета со многу инциденти и откажувања на возачите. Второто место му припадна на Алекс Маркез (Гресини) додека третото го обезбеди Франческо Бањаја. Поради големиот број несреќи и излетувања, само 10 од 18 пилоти успеаја да стигнат до целта. Марк со денешните бодови останува лидер во трката за шампионскиот пехар. Зад него се Алекс и Бањаја. Наредната трка во Мото Гран При ќе биде реализирана на 20 јули на патеката во Чешка.

Read More

На третиот годинешен Грен Слем тениски турнир – Отвореното првенство на Англија на терените на „Вимблдон“, денеска не чека големото финале во машка конкуренција. Во терминот од 17.00 часот ќе се сретнат Јаник Синер и Карлос Алкараз. Италијанецот е лидер на АТП листата додека Шпанецот ја има втората позиција. Во нивните последни 5 пресметки Алкараз има одличен ефект  или четири победи и еден пораз. Во претходната рунда Синер го елиминираше Србинот, Новак Ѓоковиќ додека Алакараз беше подобар од Американецот, Тејлор Фриц.

Read More

НХЛ и Здружението на хокеари ги променија правилата за надминување на ограничувањето на платите поради повреди. Новиот колективен договор (кој важи од 2026 до 2030 година) поставува ограничување: ако играчот се врати во акција за време на регуларната сезона или плејофот, максималниот вишок не може да биде поголем од просечната годишна плата во лигата (минатата сезона беше 3,82 милиони долари).  За вишокот да биде поголем, повредениот играч не смее да се врати на мразот ниту во регуларната сезона ниту во плејофот. Треба да се напомене дека новите правила ќе стапат на сила почнувајќи од сезоната 2026/27. 

Read More

Руни Бардеџи потпиша договор со Барселона. Tрансферот на 19-годишниот крилен напаѓач од Копенхаген во каталонскиот клуб e реализиран за скромни 2 милиони евра. Фудбалерот потпиша договор до 2029 година. Шведскиот младински репрезентативец ги одби понудите од Мајорка и Порто бидејќи е навивач на Барса уште од детството. Бардеџи во претходната сезона oдигра само 5 натпревари во данската прва лига поради скинати вкрстени лигаменти. Една сезона претходно имаше 23 натпревари и седум голови.

Read More

Бенфика и Челзи продолжуваат со преговорите за трансфер на фудбалерот, Жоао Феликс. Според најавите португалскиот клуб нема намера да им плати на „сините“ повеќе од 20 милиони евра за 50% од правата на играчот. Самиот Феликс сака да се врати во својот матичен клуб и го информирал претседателот на Бенфика, Руи Коста, дека е подготвен да прифати значително намалување на платата. На 41 натпревар на сите турнири за Челзи и Милан, играчот од средниот ред има 10 гола и 3 асистенции

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус му понудиле на Манчестер Јунајтед 10 милиони евра + 5 милиони евра како бонуси за потписот на Џејдон Санчо. Според најавите од Италија, составот од Торино се обидува да го ангажира 25-годишниот крилен напаѓач. Фудбалерот кој е во немилост на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, во претходната сезона играше како позајмен во Челзи. Тој забележа 42 меча за „сините“ во сите конкуренции на кои даде пет голови и направи десет асистенции.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез, пред утрешното финале против ПСЖ на Светското клупско првенство во САД, вели дека топлото време влијае врз здравјето на играчите и на нивните партии на теренот. Финалниот натпревар ќе се одржи на стадионот – „МетЛајф“ во Њу Џерси во 15:00 часот по локално време а температурата на воздухот во регионот ќе биде преку 30 степени. „Неверојатно е жешко. Многу е опасно да се игра на такви температури. Брзината на играта не е иста, фудбалот изгледа бавен“ – рече Фернадез. 

Read More

Екипата на Бајер Леверкузен го обезбеди фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на САД, Малик Тилман. Неговиот договор ќе биде валиден до 2030 година. 23-годишниот фудбалер доаѓа од ПСВ за 35 милиони евра, објави инсајдерот, Флоријан Плетенберг. Тилман во претходната сезона во холандското првенство одигра 26 средби со ефект од 12 гола и 2 асистенции.

Read More
NBA

Челниците на Голден Стејт разгледуваат потенцијален договор со кошаркарот, Леброн Џејмс, кој очигледно не е задоволен со развојот на настаните во Лос Анџелес Лејкерс. Имено, легендата ја искористи опцијата за 52,6 милиони долари по што неговиот договор ќе заврши. Тоа ги мотивира луѓето од Голден Стејт да испратат понуда за Џејмс кој цели 23 сезони игра во најсилната лига на светов.

Read More

Фудбалерот на Jувентус, Даглас Кошта, ќе биде ставен на списокот за трансфери, најавија дел од медиумите во Италија. Tренерot на „старата дама“, Игор Тудор, му доволил на 21-годишниот десен бек да бара нова средина. Претходно имаше најава дека Спортинг Лисабон е заинтересиран за неговиот потпис. Португалскиот клуб во текот на летово сака да го ангажира фудбалерот кој вреди од 15 до 20 милиони евра.  

Read More