Фудбалерот, Леандро Паредес, кој го напушти италијанскиот состав Рома, се збогува со фановите на „римската волчица“. – Знам дека навивачите на Рома ќе ме разберат. Рим секогаш ќе биде мојот втор дом, тоа беше мојот прв и последен клуб во Европа, напиша денeска Паредес на социјалните мрежи. Аргентинецот одигра 135 натпревари за екипата од Рим. Тој кариерата ќе ја продолжи во Бока Јуниорс.
Author: dino
Крилниот напаѓач, Нони Мадуеке, ќе ја продолжи кариерата во Арсенал откако „топџиите“ се договориле со луѓето од Челзи. Трансферот на 23-годишниот фудбалер ќе биде преку 50 милиони фунти со вклучени бонуси. Мадуеке ќе добие договор за пет години. Црномурестиот играч помина две и половина сезони во дресот на „сините“ со ефект од 13 голови во 67 натпревари во Премиер лигата.
Тренерот на фудбалерите на Вардар, Гоце Седлоски, верува дека неговите избраници ќе одиграат добар меч и ќе забележат сигурна победа против Ла Фиорита на стартот на квалификациите за Конференциската Лига. „Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува“ – вели Седлоски. „Јас сум фокусиран само на моите играчи. Во денешниот фудбал нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни. Најважно ми е екипата да ми влезе без опуштање“ – потенцираше тренерот на „црвено-црните“.
Напаѓачот на Вардар, Азер Омерагиќ, пред првиот меч со Ла Фиорита од Сан Марино во Конференциската лига на УЕФА, истакна дека сите посакуваат стартна победа и мирен реванш. „Максимално сме подготвени. Никого не потценуваме, знаеме дека сме подобар состав и тоа треба да го докажеме. Не мотивира настапот во Европа“ – вели Омерагиќ. „Првиот меч го играме дома и ќе гледаме да си ја завршиме задачата. Треба да притиснеме од самиот почетокот за да ја оствариме целта. Сакаме победа пред нашите навивачи“ – рече Омерагиќ.
Страшното невереме што синоќа го погоди Сплит и голем дел од Далмација направи сериозни материјални штети, а настрада и стадионот „Пољуд“, објави денеска раководството на Хајдук. Делови од покривната конструкција се изместени од силниот ветер, додека поројниот дожд што паѓаше го оштети тревникот на овој фудбалски стадион. Во Хајдук денес биле шокирани од она што се случило, па затоа ја откажале денешната промоција на новото засилување Фран Карачиќ, настан на кој требаше да биде претставен на јавноста. Наместо тоа, дојдените новинари имале можност да прошетаат по „Пољуд“ и самите да се уверат во оштетувата на стадионот. „Најголемите оштетувања се на…
Американскиот стручњак ,Мајк Браун, е именуван за нов тренер на Њујорк. Тој го замени Том Тибодо кој беше отпуштен во почетокот на јуни. „Никси“ во последната НБА сезона стигнаа до финалето на плеј-офот во Источната конференција. Таму загубија од Индијана. Браун ги водеше екипите на Кливленд, ЛА Лејкерс и Сакраменто а во еден период асистираше во Вашингтон, Сан Антонио, Индијана и Голден Стејт. Тој беше прогласен за најдобар тренер во НБА во 2009 и 2023 година.
Фудбалерот на Интер, Кристијан Арслани , влегол во преговори со шпанскиот, Бетис, велат последните информации од Италија. Според „Калчомеркато“, екипата од Серија „А“ бара најмалку 20 милиони евра за потписот на 23-годишниот играч од средниот ред. Арслани во две сезони во екипата од Милано не успеа да се наметне за првиот состав.
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луис, речиси сигурно ќе го напушти клубот во текот на летово. За неговиот потпис конкурираат тимови од Англија како и италијанскиот Комо. Според наведеното, бразилскиот интернационалец не крие дека има намера да се врати во Премиер лигата. Тој речиси пет сезони настапуваше за Астон Вила. „Старата дама“ за неговиот трансфер ќе бара најмалку 40 милиони евра.
Првиот човек на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас, вели дека тековниот клупски Мундијал во САД е вистинска катастрофа и тотално фијаско од страна на ФИФА. Тој го критикуваше турнирот со потенцирање дека лошо влијае врз играчите , распоредот на натпревари во одредени лиги и воопшто во европскиот фудбал. Згора на тоа доаѓаат и критики за посетеноста и начинот на кој ФИФА менаџира со продажбата на влезници.
Првиот човек на Ферари, Фредерик Васер, некаде на половина од сезоната во Формула 1, не гледа кој може да го победи Мекларен во трката за титулата кај конструкторите. „Мислам дека ќе биде исклучително тешко да се стигне Мекларен. Тие имаат предност и се далеку напред“ – рече Васер. „ Доколку некој тим победи на сите трки до крајот на сезоната, не сум сигурен дека ќе ја освои титулата. Мислам дека е се решено кај конструкторите“ – беа дел од зборовите на Васер.
