Фудбалскиот состав Фиорентина, потврди, дека искусниот стратег, Стефано Пиоли, се врати во клубот.59-годишниот специјалист потпиша тригодишен договор со „виолетовите“. Тој во текот на летово го напушти саудискиот состав Ал-Наср на Кристијано Роналдо и се врати во Европа. Пиоли на времето играше во Фиренца а потоа во еден период беше и тренер на екипата од Италија.
Author: dino
Некогашниот учесник во Формула 1, Кристијан Алберс, проценува дека д-р Хелмут Марко треба да го следи примерот на Кристијан Хорнер и да си замине од екипата на Ред Бул. Холанѓанецот вели дека треба освежување во екипата бидејќи пристапот и изјавите на Марко лошо влијаат врз возачите. „Се прашувам дали треба да ја задржи својата позиција. Можеби е време за радикална промена и да дојде нова генерација“ – вели Алберс.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој во сезонава се бори за титулата во Формула 1, одговори на прашање за тоа какво наследство ќе остави во така наречениот – „циркус на тркала“. „Сакам луѓето да знаат кој сум како личност – тоа е поважно од сè друго. Не ме загрижува наследството или тоа да бидам запаметен како еден од најдобрите возачи Некои луѓе сакаат да бидат запаметени како „најдобрите во историјата“- вели Норис.„Мислам дека на крајот сите забораваат. Значи, за мене, тоа е бесмислено.За мене е важно да ги постигнам целите во мојата кариера и во животот“ – рече Британецот.
Иранецот, Алиреза Фагани, ќе го суди финалето меѓу Пари Сен Жермен и Челзи на Светското клупско првенство во фудбал во САД. 47-годишниот судија со знакот на ФИФА ќе биде на центарот на утрешниот меч во Њу Џерси кој ќе започне во 21.00 часот. Фагани стана судија на ФИФА во 2008 година и беше дел од финалето на Олимписките игри во Бразил. Тој го судеше и натпреварот за бронза на Мундијалот во Русија како и два меча во групната фаза на Светското првенство во Катар.
Барселона може да го ангажира крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Во исто време и Англичанецот не ја крие желбата да заигра на „Камп Ноу“. Затоа преговорите може да бидат успешни, најавуваат добрите познавачи на фудбалот. Каталонците имаат намера да го земат Рашфорд на позајмица со опција за откуп на крајот на наредната сезона. „Црвените ѓаволи“ пак, инсистираат да го продадат играчот за да се ослободат од неговата висока плата.
Кошаркарот, Тристан Вукчевиќ, ќе продолжи да игра за Вашингтон Визардс, потврдија денеска медиумите во САД. 22-годишниот центар ќе потпише нов двонасочен договор со клубот. Тој беше 42-ри избор на драфтот во НБА во 2023 година по што помина две сезони со „Визард“ играјќи вкупно 45 натпревари како стартер. Во последното реми во првенството имаше просек од 9,4 поени, 3,7 скока и 1,1 асистенции за 14,7 минути по натпревар.
Учесникот на последниот Ол-стар натпревар, Џејлен Вилијамс, се согласи на нов договор со кошаркарскиот состав Оклахома. Тој во последната сезона во НБА лигата имаше просек – 21,6 поени, 5,3 скока, 5,1 асистенции и 1,6 украдени топки. Вкупната сума за 5-годишниот договор би можела да достигне 287 милиони долари. Оклахома претходно ги задржа и Вилијамс, Холмгрен и Шеј Гилџус-Александар.
Италијанскиот состав Виртуз Болоња, го ангажираше српскиот центар, Ален Смаилагиќ. 22-годишниот кошаркар кој е висок 208 сантиметри ќе има шанса повторно да настапува во Евро-лигата. Смаилагиќ пристигна од екипата на Жалгирис а Виртус за неговите услуги плати 300.000 евра. Тој во претходната сезона во дресот на литванскиот состав имаше во просек 8,1 поен и 2,9 скока. Самилагиќ претходно ги носеше дресовите на Партизан, Санта Круз и НБА тимот Голден Стејт.
Екипата на Ферари во Формула 1, наредната недела ќе ги спроведе првите тестови на новата задна суспензија на „SF-25“ која треба да се користи на трката за Големата награда на Белгија. Двете сесии ќе бидат поделени меѓу Шарл Леклер и Антонио Џовинаци што значи дека Луис Хамилтон нема да се појави на патеката. Ферари се обидува да направи побрз болид за да може да остане во трката за титулата во конкуренција на Мекларен и Мерцедес.
Фудбалерот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези, ќе мора да паузира извесен период откако беше успешно опериран од хернија. Тој иако беше на списокот на „нероаѕурите“ на Светското клупско првенство во САД, не одигра ниту еден меч. Се очекува луцидниот играч да отсуствува од теренот околу еден месец. Фратези кој главно влегуваше од клупата за резерви, имаше неколку одлични настапи во Лигата на шампионите.
