Клаудио Раниери кој на крајот на сезоната го напушти кормилото на Рома и доби нова улога во раководните гарнитури на „волчицата“, објасни зошто морал да ја одбие функцијата селектор на италијанската репрезентација. „На таа позиција ви треба некој што има слобода да донесува одлуки и да се јавува на кого сака. Би имало премногу проблеми со менe aко играчот се користи 90 минути а потоа мора да игра за Рома наредниот викенд“ – објасни Раниери. „Не жалам што не успеав да се квалификувам за Лигата на шампионите. Не сме подготвени да се соочиме со сите супер-сили“ – потенцираше Раниери.
Author: dino
Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, може да замине во екипата на Милан, објавија дел од медиумите во Италија. Српскиот голгетер кој има договор со „старата дама“ до летото во 2026 година, дефинитивно нема намера да го обнови. Таквиот развој на настаните сакаат да го искористат „росонерите“ кои ги имале првите контакти со неговите агенти. Проценките велат дека составот од Торино за неговиот потпис ќе бара максимум 20 милиони евра.
Атлетичарот, Арманд Дуплантис, кој во текот на викендот на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм постави нов светски рекорд во скок со стап, вели дека му се остварил сонот да го направи тоа пред домашната публика. „Навистина сакав тоа да се случи. Го имав тука целото семејство, тоа е вистинска магија“ – рече 25 -годишникот. „Речиси не можев да поверувам, се чувствував како првиот пат кога го соборив рекордот. Толку сум среќен, тешко е да се објасни “ – изјави Швеѓанецот.
Кошаркарскиот состав Будуќност доцна синоќа потврди дека го ангажирал Французинот, Џери Батсел. 32-годишниот бек во претходната сезона започна во турскиот состав Каршијака а потоа се пресели во тимот на Дубаи. – Тој беше избран во идеалната дефанзивна петорка на Лигата на шампионите на ФИБА во сезоната 2022/23. Тој е одличен во скокање – подеднакво на двете страни од теренот“ – се наведува меѓу другото во објавата на тимот од Подгорица.
Кошаркарот, Дарон Шарп, нема намера да го напушти составот на Бруклин иако доби зелено светло да направи трансфер во друг состав. 23-годишниот центар (206 см), помина четири години со тимот. Тој во изминатата сезона во 50 натпревари имаше просек од 7,9 поени, 6,6 скока и 1,8 асистенции. „Добро е што сум во Бруклин. Бев драфтуван тука, се чувствувам како дома. Тоа беше најдобрата опција за мене“ – рече играчот од НБА.
Кошаркарот, Кам Спенсер, ќе го продолжи договорот со Мемфис и ќе заработи 20.5 милиони долари. 25-годишниот дефанзивец ќе има загарантиран договор за наредните три години. Играчот кој е висок 193 см беше избран како 53-ти пик на НБА драфтот во 2024 година од страна на Детроит а потоа испратен во Мемфис. Спенсер во претходната сезона имаше просек од 4,2 поени, 1,2 скока и 1,4 асистенции.
Лука Модриќ ќе ги помине медицинските прегледи во Милан в понеделник, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според изворот, „росонерите“ добиле одобрение од адвокатите на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид во врска со потпишувањето на едногодишен договор. 39-годишниот ветеран од Хрватска ќе заработи околу 3, 5 милиони евра за една сезона.
Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Ендрик Фелипе де Соуса, нема намера да замине на позајмица во друг состав, велат псоледните информации од Шпанија. Според весникот – „Ас“, кој се повикува на информации од пријателите на 18-годишниот напаѓач oд Бразил, тој бил категорично против позајмување во друг тим. Ендрик во претходната сезона одигра 22 натпревари Примера Дивизион и постигна еден гол. Тој главно влегуваше од клупата за резерви и имаше во просек по 16 минути на теренот.
Фудбалерите на Челзи и ПСЖ доцна вечер во Њу Џерси ќе го одиграат финалето на Светското клупско првенство во САД. Французите во претходната сезона освоија 4 пехари вклучително со Лигата на шампионите додека „сините“ се актуелни освојувач на Конференциската лига на УЕФА. Играчот на англискиот состав Кол Палмер вели дека сите го посакуваат трофејот. „Знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Сакате да играте против најдобриот тим а тие веројатно се најдобрите во светот. Имаме план и ќе се обидеме да го направиме тоа“ – рече Палмер.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, одбил одлична финансиска понуда од екипа од Саудиска Арабија. Медиумите во Англија трвдат дека брзоногиот напаѓач добил понуда со која може да заработи големи 40 милиони евра но, истата ја одбил. Рашфорд не крие дека сака да го облече дресот на Барселона и повторно да игра во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ имаат намера да го испратат на позајмица за максимум 30 милиони евра.
