Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Ендрик Фелипе де Соуса, нема намера да замине на позајмица во друг состав, велат псоледните информации од Шпанија.
Според весникот – „Ас“, кој се повикува на информации од пријателите на 18-годишниот напаѓач oд Бразил, тој бил категорично против позајмување во друг тим.
Ендрик во претходната сезона одигра 22 натпревари Примера Дивизион и постигна еден гол. Тој главно влегуваше од клупата за резерви и имаше во просек по 16 минути на теренот.

