Фудбалерите на Челзи и ПСЖ доцна вечер во Њу Џерси ќе го одиграат финалето на Светското клупско првенство во САД.
Французите во претходната сезона освоија 4 пехари вклучително со Лигата на шампионите додека „сините“ се актуелни освојувач на Конференциската лига на УЕФА. Играчот на англискиот состав Кол Палмер вели дека сите го посакуваат трофејот.
„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Сакате да играте против најдобриот тим а тие веројатно се најдобрите во светот. Имаме план и ќе се обидеме да го направиме тоа“ – рече Палмер.

