Кошаркарот, Дарон Шарп, нема намера да го напушти составот на Бруклин иако доби зелено светло да направи трансфер во друг состав.
23-годишниот центар (206 см), помина четири години со тимот. Тој во изминатата сезона во 50 натпревари имаше просек од 7,9 поени, 6,6 скока и 1,8 асистенции.
„Добро е што сум во Бруклин. Бев драфтуван тука, се чувствувам како дома. Тоа беше најдобрата опција за мене“ – рече играчот од НБА.

