Author: dino

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, проговори за можната средба меѓу шефот на Мерцедес, Тото Волф и возачот Ред Бул, Макс Верстапен. „Макс и Тото веројатно се сретнале за да ги потпишат документите. Ако Макс стигнал до оваа фаза од преговорите, тоа значи дека видел сè, разговарал за сè и донел одлука.“- рече Монтоја. „Веројатно имаше уште еден последен чекор. Лично, го гледам Верстапен во Мерцедес “– вели Монтоја.

Read More

Шпанскиот возач на Дукати, Марк Маркез, супериорно победи на трката за Голема Награда на Чешка. Тој на патеката „Брно“  стана првиот возач на италијанскиот производител кој забележал пет последователни победи во Мото ГП. Второто место го обезбеди Италијанецот, Марко Беџеки член на Априлија додека трет заврши Акоста Педро од Шпанија со Ред Бул. Маркез е лидер во шампионатото со 381 поен пред неговиот помлад брат Алекс и Франческо Банаја. Наредната трка во Мото Гран При ќе биде возена на 17 август на патеката Ред Бул Ринг за Големата награда на Австрија.

Read More

Гурутo за трансфери, Николо Скира, наведува дека челниците на Баерн Минхен се договориле со фудбалерот, Луис Дијаз, за соработка во наредните пет години со плата од 14 милиони евра по сезона без бонуси. Затоа, германскиот шампион подготвува нова понуда за левиот бек на Ливерпул која ќе биде од 70 до 75 милиони евра со надеж дека „црвените“ ќе ја прифатат.  Во исто време Баварците имаат и резервна варијанта доколку не успеат да го добијат потписот на Колумбиецот. Станува збор за Малик Фофана од Кристал Палас.

Read More

Брајан Мбемо денеска треба да ги помине медицинските тестови во базата на Манчестер Јунајтед и да потпише договор со „црвените ѓаволи“. Трансферот ќе се реализира откако Брентфорд ја прифати понудата вредна 65 милиони фунти плус уште 6 во форма на бонуси. Крилниот напаѓач од понеделник ќе им се приклучи на соиграчите кои се на летните подготовки во САД. Ќе потсетиме дека Јунајтед претходно ги купи и Матеус Куња и Диего Леон.

Read More

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл (од 20 до 26 јули), кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство. Kако дел од свеченото отворање, ќе се одржи голема парада на сите 49 спортски делегации, како и на Тимот на бегалци под покровителство на ЕОК, кој ќе добие заслужено внимание во духот на…

Read More

Првиот човек на МОК, Даниел Димевски, заедно со Директорот, Владимир Богоевски и шефот на Македонската делегација, Цеце Макаровска – го најавија летниот ЕМОФ Скопје 2025. „Ќе имаме огромен број на спортисти во огромен број на дисциплини што никогаш не сме ги имале. Сигурно дека е тоа привилегија а најголемиот капитал што ќе остане од овие игри се токму нашите деца. Многу убави работи ќе се случат но, највредното се нашите млади надежи кои верувам во иднина дека ќе бидат репрезентативци во сите спортови во кои ќе се појават. Тие се во години во кои се профилираат како спортисти“ – вели…

Read More

Денеска во Виена во седиштето на ЕХФ беа формирани групите за новата сезона во Лигата на Европа. Ракометарите на Вардар ќе бидат во групата „Ф“ со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете. Екипата на Алкалоид во елиминацискиот дел доколку го помине германскиот Хановер, ќе игра во групата „Г“ заедно со Фредериција од Данска, Татран Прешов од Словачка и победникот од шведската пресметка меѓу Савехов и Малме.

Read More

Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, иако ги прифати условите на Интер за петгодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона, веројатно трансферот нема да се реализира во догледно време. Имено, првите луѓе на тимот од Бергамо најавија дека немаат намера да прифатат сума помала од 50 милиони евра за 27-годишниот Нигериец додека „нероаѕурите“ испратија понуда од 40 милиони. Црномурестиот фудбалер одигра 118 мечеви за Аталанта со ефект од 52 гола и 25 асистенции. Неговиот договор е валиден до летото во 2027 година.

Read More

Наполи ќе добие нов стадион во рок од три години, најави првиот човек на италијанскиот шампион, Аурелио Де Лаурентис, по што се насочи кон новата сезона во Лигата на шампионите и неколкуте засилувања што дојдоа во текот на летово. „Ќе бидеме конкурентни на највисоко ниво. Мора да донесуваме одлуки бидејќи во спротивно за две или три години фудбалот ќе исчезне, мора да интервенираме“, изјави Де Лаурентис. „Имаме Серија Б која пропаѓа, Серија А која не успева да се намали. Политичарите веруваат дека сме милијардери а 90% од клубовите се заглавени во долгови“ – изјави Де Лаурентис.

Read More
NBA

Легендарниот играч на Портланд, Дамијан Лилард,  ќе се врати кај Блејзерси и ќе потпише тригодишен договор за максимални 42 милиони долари. Тој последните две сезони ги помина во Милвоки. Лилард помина 11 сезони во Портланд, девет пати беше избран во Ол-стар тимот. Лилард е прв во историјата на Портланд по поени (19.376) и тројки (2.387) и втор по асистенции (5.151). Кошаркарот нема да игра во сезоната 2025-26 бидејќи е на рехабилитација откако ја повреди ахиловата тетива.

Read More