Атлетико Мадрид го обезбеди десниот бек, Марк Пубил. 22-годишниот фудбалски дефанзивец пристигнува од второлигашот Алмерија. Младинскиот шпански репрезентативец беше исто така во трансфер плановите на Милан но, тимот од стадионот- „Метрополитано“ успеа да ја добие битката за неговиот потпис. Алмерија ќе заработи 16 милиони евра за крилниот напаѓач и дополнителни 4 како бонуси. Договорот на дефанзивецот ќе биде валиден до 2030 година.
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав Наполи нема да се откажат од трансферот на Дан Ндои иако Болоња засега тактизира и не сака да ги прифати понудите. Шампионот на Серија „А“ сака првично да плати 9 милиони за фудбалерот и да го ангажира како позајмен во наредната сезона а потоа да му го откупи договорот за 25 милиони евра. Бидејќи во игра ќе бидат и одредени бонуси, сумата може да ја помине границата од 40 милиони.
Екипата на Јувентус ќе го испрати фудбалерот Алберто Коста во Порто за да го добие во обратен правец Жоао Марио, наведува португалското издание – „А Бола“. „Змејовите“ во целата размена на играчи ќе мора да доплатат 6 милиони евра. Десниот бек на „старата дама“ во претходната сезона имаше 14 натпревари на кои направи 3 асистенции. Марио кој потекнува од школата на Порто игра на истата позиција. 25-годишниот дефанзивец во претходната сезона беше стандарден во првата постава. Тој се појави на 42 меча.
Дејвид Џонс-Гарсија ќе продолжи да работи со Сан Антонио. Кошаркарот (23 години, 198 см) ја помина првата сезона во развојната лига откако ги заврши активностите во колеџот. Тој се покажа во светло издание во Летната лига откако направи просек од 21,6 поени, 6,2 скока и 3,8 систенции. Џонс- Гарсија доби понуда од 2 милиони евра годишно од Олимпијакос но, одлучи да остане во САД. Тој ќе потпише двонасочен договор.
Кендрик Перкинс имаше критики за екипата на Лос Анџелес Клиперс која во континуитет не успева да се наметне за титулата во НБА лигата. „Оклахома Сити поставува стандарди за млади играчи а Клиперси го ангажираа Бредли Бил, кој не одиграл 60 натпревари во последните пет години. Сите ја разбираме ситуацијата со Кавај Ленард а Џејмс Харден е познат по тоа што не успева во плејофот“ – вели Перкинс. „Да, договорот на Бил од 11 милиони долари на 2 години изгледа како добра работа но, тој одамна не личи на себе и не плаши никого во лигата“ – рече експертот на „ESPN“.
Бразилскиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, има намера да остане кај „белите“ иако се погласни се шпекулациите дека ќе мора да бара нова средина. Тој во изминатата сезона одигра 30 средби со ефект од 6 голови и пет асистенции. Според непотврдени информации, за неговиот потпис фигурираат англиските состави Арсенал, Ливерпул и Тотенхем како и германскиот гигант, Баерн Минхен. Според весникот „АС“ , Тотенхем може да испрати понуда за трансфер доколку „кралевите“ ја спуштат сумата под 90 милиони евра.
Колумбискиот фудбалер, Ричард Риос, потпиша договор со Бенфика до 2030 година, потврди португалскиот состав на социјалните мрежи. Неговиот досегашен клуб Палмерирас заработи 27 милиони евра. 25-годишниот играч кој во изминатата сезона имаше 4 голови и исто толку асистенции, треба да биде големо засилување во средниот ред на Бенфика. „Огромна радост за мене и целото мое семејство. Доаѓањето во Бенфика е голем чекор напред во мојата кариера. „Сонував да дојдам во Европа“ – рече Риос.
Фудбалерите на Шкендија со минимална предност ќе патуваат на реваншот со ФЦСБ во рамките на 2 коло во квалификациите за Лигата на шампиони. Тетовци на Арената во Скопје одиграа борбен меч и успеаја да дојдат до каква-таква предност за возвратниот меч во Романија. Стрелец на единствениот гол беше Адаму Алхасан во 65 минута откако одлично нафрлената топка од десната страна успеа со глава да ја испрати во горниот дел од голот. Судијата во еден период имаше повеќе работа и покажа по еден црвен картон на двете страни. Џака во нашиот тим и Танасе кај гостите, пред време да заминаа во…
Современиот спортски простор кој го носи името на фудбалската гордост на Велешани, Панче Ќумбев, е донација на „Mozzart“ како дел од позната хуманитарна иницијатива на компанијата насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“. „Пред се голема чест и задоволство но и голема одговорност и обврска да продолжам да придонесувам на свој начин за развој на спортот и спортската едукација на младите спортисти и младите велешани. Голема благодарност до “Моцарт” што вложува во спортска инфраструктура во целата Македонија“ –изјави Ќумбев. „Нашиот Велес секогаш давал големи спортисти и големи луѓе,и секако овој гест на Моцарт за мене преставува големо признание. Се надевам…
Фудбалерите на Вардар кои набрзо ги очекуваат мечевите со Лозана во второто коло во Конференциската Лига на УЕФА, денеска ги дознаа можните противници за наредната рунда. „Црвено-црните“ доколку го поминат тимот од Швајцарија ќе одат на мегдан со подобриот од пресметките меѓу Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан. Првите натпревари од третото коло во Конференциската лига на УЕФА се играат на 7 август а реваншите се седум денови подоцна.
