Атлетико Мадрид го обезбеди десниот бек, Марк Пубил. 22-годишниот фудбалски дефанзивец пристигнува од второлигашот Алмерија.
Младинскиот шпански репрезентативец беше исто така во трансфер плановите на Милан но, тимот од стадионот- „Метрополитано“ успеа да ја добие битката за неговиот потпис.
Алмерија ќе заработи 16 милиони евра за крилниот напаѓач и дополнителни 4 како бонуси. Договорот на дефанзивецот ќе биде валиден до 2030 година.

