Author: dino

Екипата на Ал-Наср ќе плати 30 милиони евра плус бонуси и ќе го ангажира фудбалерот на Челзи, Жоао Феликс. Лондончани, исто така ќе добијат и одличен процент од евентуалната наредна продажба на Португалецот. Тој сега ќе им се придружи на сонародниците Кристијано Роналдо и тренерот, Хорхе Жесус. Феликс претходно се поврзуваше со враќање во неговиот поранешен тим, Бенфика.

Read More

Крилниот напаѓа на Ливерпул, Луис Дијаз, е на чекор до трансфер во германскиот состав Баерн Минхен, велат последните информации од Англија.   28-годишниот фудбалер инсистира да замине во Бундес-лигата а целиот трансфер треба да биде околу 75 милиони евра со вклучени бонуси. Дијаз ќе потпише со Баварците за 4 сезони и ќе заработува речиси 14 милиони евра годишно. Тој во претходната сезона имаше 17 голови и 8 асистенции на 50 натпревари во дресот на „црвените“.

Read More

Во Олимпискиот базен во Скопје, Алесандра Мао од Италија исплива доминантна трка во финалето на 200 метри слободно за девојки, освојувајќи злато со време од 2:00.13. Остин Андерсон Менли (Велика Британија) додаде уште едно злато во својата колекција во финалето на 200 метри грбно за момчиња, додека Борока Жофија Кертес (Унгарија) доминираше во финалето на 100 метри делфин за девојки. Златниот медал на 50 метри слободно за момчиња го освои Микита Лјах (БОО) а мешаната штафета 4×100 метри мешано заврши со фото-финиш – Италија ја победи Велика Британија за само 0.02 секунди. 

Read More

Во трката К1 –слалом на патеката Матка, златниот медал му припадна на Марек Кулчучки од Полска додека кај девојките триумфираше Барбора Ондрачкова (Чешка). Во категоријата C1, Лео Роје (Франција) и Патриција Иваниец (Полска) обезбедија златни медали. Во бадминтон, Велика Британија славеше двојна победа преку Каљан Маној и Ишасрија Мекала. Во спортска гимнастика победи Франција додека во атлетика Закарија Диа од Франција стигна до златото во скок со стап а финалето на 800 метри му припадна на Андор Шуман од Германија. На улиците на Куманово, беа реализирани друмските велосипедски трки. Ана Бонаси од Италија победи кај девојките Никлас Висмајр од Австрија…

Read More

Македонската натпреварувачка во таеквондо, Душица Бреслиева, остана без медал на четвртиот натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025.Taa загуби во четвртфиналната рунда од Карла Цесар од Шпанија. Бреслиева претходно ја забележа првата победа за Македонија во боречките спортови откако ја совлада Матеа Јакобсен од Норвешка а потоа и Украинката, Анастасија Хаиворонска. Вчера двете македонските репрезентации доживеаја порази од Словенија во Баскет 3х3 додека нашиот кајакар, Кристијан Смилев, го освои осмото место во финалната трка во дисциплината К1-слалом во поединечна конкуренција.

Read More

Младиот фудбалер на Вулверхемптон, Фабио Силва, влегува во плановите на италијанскиот состав Рома. Наводно, „волчицата“ се обидела да дознае под кои услови 23-годишниот интернационалец од Португалија би прифатил да заигра во Серија „А“.   Силва има играно за Порто, Андерлехт, ПСВ Ајндховен, Ренџерс и во изминатата сезона како позајмен во Лас Палмас.

Read More

Луѓето од фудбалскиот состав Јувентус размислуваат да испратат понуда до Атлетико Мадрид за ангажман на дефанзивецот, Ноел Молина. Италијанците сакаат првично да го ангажираат десниот бек на позајмица а потоа да му го откупат договорот. Доколку тоа се случи, Молина ќе се врати во Серија „А“ бидејќи до 2022 година го носеше дресот на Удинезе.

Read More
NBA

Челниците на кошаркарскиот состав Детроит одлучиле да се откаже од Рон Харпер Јуниор (198 см), кој играше со двонасочен договор. 24-годишниот бек кој не беше драфтуван во 2022 година, поголемиот дел од минатата сезона го помина во Г-лигата. Тој забележа просек од 16,2 поени, 3,9 скока, 2,2 асистенции и 0,9 украдени топки во 37 натпревари.

Read More
NBA

Екипите на Феникс и на Сакраменто испратиле конкретни понуди до Голден Стејт за ангажман на кошаркарот, Џонатан Кумингa. „Сонцата сакаат да го вклучат во трансферот и Грејсон Ален но, „воините“ не се заинтересиран за него. Понудата пак, на „Кингс“ за Дарио Шариќ, Девин Картер и избор од првата рунда на драфтот исто така беше одбиена од „Голден Стејт“.

Read More

Шпанските фудбалски гиганти, Реал Мадрид и Барселона, ќе се обидат да дојдат до потписот на играчот на Ливерпул, Ибрахим Конате. Претходно имаше информација дека „кралевите“ влегле во преговори со Французинот кој не сака да го обнови договорот со англичаните. Медиумите денеска наведуваат дека Конате влегува и во радарот на Барса а за неговите услуги се заинтересирани и челниците на Баерн Минхен.

Read More