Трејси Мекгрејди станува коментатор. „NBC“ објави дека членот на Куќата на славните и седумкратен НБА Ол-стар учесник, Трејси Мекгрејди, е ангажиран како студиски експерт. Тој им се придружува на аналитичарите како што се Мајкл Џордан, Винс Картер, Кармело Ентони, Џамал Крофорд и Реџи Милер. „NBC“ ќе почне да емитува натпревари од НБА на стартот на новата сезона.
Author: dino
Кендрик Перкинс не го вклучи играчот на Клиперси, Крис Пол, во листата на најдобрите плејмејкери во историјата на НБА. Поранешниот кошаркар а сегашен експерт на „ESPN“ наведе 10 играчи на вечната ранг-листа на лигата кои ја имале улогата на организатори на играта. Според него тоа се: Меџик Џонсон, Стеф Кари, Оскар Робертсон,Џон Стоктон, Исаија Томас, Гари Пејтон, Расел Вестбрук, Стив Неш, Џејсон Кид и Боб Кози.
Фудбалерот на Барселона, Фрaнк де Јонг, кој треба да ја одработи последната сезона од тековниот договор со Каталонците, ќе добие понуда да остане на стадионот – „Камп Ноу“ најмалку до 2028 година. Шампионот на Примера Дивизион дефинитивно сака да го задржи играчот од средниот ред кој во изминатата сезона беше меѓу најдобрите на теренот. Холанѓанецот пристигна во Шпанија во 2019 година од Ајакс. Тој има 259 мечеви со ефект од 19 голови и 23 асистенции.
Џејдон Санчо може да се врати во Борусија Дортмунд. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој нема иднина на „Олд Трафорд“, континуирано се обидува да пронајде нова средина. Медиумите во Германија наведуваат дека „милионерите“ ја разгледуваат опцијата да го вратат офанзивниот играч кој на времето забележа 158 мечеви со ефект од 53 голови и 67 асистенции. Тимот од „Сигнал Идуна Парк“ планира да испрати понуда од 20 милиони евра за 25-годишниот фудбалер.
Ракометарите на Вардар под диригентската палка на новиот тренер, Иван Чупиќ, денеска ги започнаа подготовките за наредната сезона. Легендата на „црвено-црните“ сега со нова улога, посакува успешна сезона. „Како и секогаш Вардар има големи амбиции. Сега со нови играчи и со новиот стручен штаб започнуваме со тренинзи, се запознавме и полека чекор по чекор ќе напредуваме. Не ги криеме амбициите и во домашното првенство и во Европа“ – вели Чупиќ. „Квалитетот кој го имаме е многу значаен, но, за мене сите играчи се нови. Тешка задача е пред нас, амбициозни сме и верувам дека околу први јуни 2026 година ќе…
Тренерот на фудбалерите на Комо, Сеск Фабрегас, сака да го засили нападот со Алваро Мората кој треба да биде ангажиран на позајмица од екипата на Милан. Според претседателот на клубот, Мирван Суваро, 32-годишниот напаѓач ги договорил личните услови со Комо. Мората во еден период играше како позајмен играч во Галатасарај но, турскиот гигант не се определи да му го откупи договорот.
Миралем Пјаниќ го оцени трансферот на Лука Модриќ, во Милан. Хрватот ќе работи под диригентската палка на Масимилијамо Алегри. „Макс го управува тимот подобро од кој било друг. Модриќ има победнички менталитет, тој ќе додаде вештина, искуство и смиреност во играта“ – вели Пјаниќ. „Тој е еден од играчите што му се допаѓаат и му се потребни на Алегри, заедно ќе работат одлично. Да видиме дали ќе биде доволно за Скудетото“ – рече некогашниот играч за врска на Јувентус
Били Донован ја продолжи соработката со НБА тимот, Чикаго Булс, објавија денеска дел од медиумите. 60-годишниот стратег во претходната сезона го обезбеди деветтото место на Истокот со 39 победи и 43 порази. „Булси“ во првата елиминациска рунда загубија од Мајами Хит и мораа да го пропуштат плеј-офот и тоа трета сезона по ред. Донован има 195 победи и 205 порази во претходните пет сезони поминати на клупата на Чикаго. Тој има работено и во Оклахома Сити Тандер
Поранешниот НБА играч, Патрик Беверли, сака да инвестира во израелскиот клуб Хапоел Тел Авив. „Патрик сега ја разгледува можноста да стане акционер во Хапоел, инвестирајќи пари во клубот. За тоа разговарамеа“ – рече сопственикот, Офер Јанаи. Беверли во изминатата сезона се врати во европската кошарка за прв пат од 2012 година. 37-годишниот бек имаше просек од 10,7 поени, 4,1 скока и 4,6 асистенции во 14 натпревари од Евро-купот.
НБА инсајдерот, Бил Симонс, сподели нови информации за можната продажба на екипата на Портланд. „Слушнав дека имало едно лице и дека ќе има понуда преку четири милијарди долари. Тоа е единственото нешто што го слушнав“ – рече Симонс во неговиот подкаст. „Блејзерси“ моментално се контролирани од Фондацијата Пол Ален. Името на новиот инвеститор уште не се открива.
