Шпанските фудбалски гиганти, Реал Мадрид и Барселона, ќе се обидат да дојдат до потписот на играчот на Ливерпул, Ибрахим Конате.
Претходно имаше информација дека „кралевите“ влегле во преговори со Французинот кој не сака да го обнови договорот со англичаните.
Медиумите денеска наведуваат дека Конате влегува и во радарот на Барса а за неговите услуги се заинтересирани и челниците на Баерн Минхен.

