Екипата на Ал-Наср ќе плати 30 милиони евра плус бонуси и ќе го ангажира фудбалерот на Челзи, Жоао Феликс.
Лондончани, исто така ќе добијат и одличен процент од евентуалната наредна продажба на Португалецот. Тој сега ќе им се придружи на сонародниците Кристијано Роналдо и тренерот, Хорхе Жесус.
Феликс претходно се поврзуваше со враќање во неговиот поранешен тим, Бенфика.

