Првиот човек на МОК, Даниел Димевски, заедно со Директорот, Владимир Богоевски и шефот на Македонската делегација, Цеце Макаровска – го најавија летниот ЕМОФ Скопје 2025.

„Ќе имаме огромен број на спортисти во огромен број на дисциплини што никогаш не сме ги имале. Сигурно дека е тоа привилегија а најголемиот капитал што ќе остане од овие игри се токму нашите деца. Многу убави работи ќе се случат но, највредното се нашите млади надежи кои верувам во иднина дека ќе бидат репрезентативци во сите спортови во кои ќе се појават. Тие се во години во кои се профилираат како спортисти“ – вели Димевски.

„Тоа што сега ќе имаат шанса да ги одмерат силите со нивните врсници од сите земји во Европа, сигурно ќе им помогне да ги достигнат височините што се остварливи за нив. Можам да потврдам дека спортисти и тренери се 4.300, судии и други официјални лица се 700 а посебни вип гости се 200. Заокружено со волонтерите, доаѓаме до бројка од 6000 учесници“ – потенцираше Димевски.

