Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Денеска ќе биде свечено отворен ЕМОФ 2025
    Домашен микс

    Денеска ќе биде свечено отворен ЕМОФ 2025

    dinoBy dino20/07/2025No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

    Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл (од 20 до 26 јули), кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство. Kако дел од свеченото отворање, ќе се одржи голема парада на сите 49 спортски делегации, како и на Тимот на бегалци под покровителство на ЕОК, кој ќе добие заслужено внимание во духот на еднаквоста и инклузивноста. Илјадници млади спортисти, на возраст од 14 до 18 години, ќе продефилираат низ арената со знамињата на своите држави, носејќи ја со себе енергијата и надежта на новата европска генерација.

    Публиката ќе има можност да ги проследи воведните обраќања, вклучително и на Претседателот на Европските олимписки комитети, г. Спирос Капралос, кој ќе се обрати пред европската спортска јавност и ќе ја истакне важноста на ЕМОФ како платформа за развој на младинскиот спорт и за културна размена преку натпреварување, почитување и заедништво. Фестивалот потоа официјално ќе го отвори Претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, со што ќе започне најзначајната спортска недела што досега се организирала во нашата земја. Отворањето ќе биде збогатено со уникатен сценско-музички спектакл што ќе ја претстави македонската култура, звук и визуелна уметност. Некои од најпрепознатливите и најпопуларни македонски музички имиња ќе настапат на сцената, придружени од современа сценографија, мултимедија и перформанси инспирирани од олимписките вредности. Шоуто е внимателно осмислено за да го прикаже културното богатство на Македонија пред европската публика и да создаде атмосфера на единство, гордост и свеченост – вистински емотивен и незаборавен почеток на фестивалот.Централно место во церемонијата ќе има изведбата во живо на официјалната химна на ЕМОФ Скопје 2025 – „Together We Shine“, композиција која веќе се препознава како симбол на заедништво, младешка енергија и олимписки дух. Оваа моќна музичка порака ќе ја изведат четири извонредни македонски изведувачи – Сара Мејс, Лара Иванова, Јанг Дади и Александар Тарабунов. Автор на музиката и текстот е реномираниот продуцент Роберт Билбилов. Химната е многу повеќе од песна – таа е повик до Европа, манифест на надеж, единство и младинска сила.

    ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо. Натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет.Се очекува учество на повеќе од 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости. Македонија ќе биде претставена од контингент од речиси 200 млади спортисти – рекорден број во историјата на нашето учество на ЕМОФ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.