Author: dino

Капитенот на Вашингтон , Александар Овечкин, се соочува со необично ограничување од страна на НХЛ. 39-годишниот напаѓач од Русија кој поминува значителен дел од летниот одмор во неговата родна земја, не смее да има медиумски настапи. Исклучок се настаните кои ги организираат неговите спонзори. Овечкин е рекордер на НХЛ кога станува збор за постигнати голови.

Read More
NBA

Српскиот кошаркар, Урош Трифуновиќ, ќе игра за Хјустон во Летната лига на НБА, објави доцна синоќа американскиот тим. Тој има играно за Партизан, Мега и Младост а претходната сезона ја помина во турскиот состав, Тофаш. Хјустон првиот натпревар од Летната лига на НБА ќе го одигра на 12 јули против Лос Анџелес Клиперс. Подоцна ќе дојдат мечевите со  Детроит, Атланта и Портланд.

Read More
NBA

Ѕвездата на кошаркарскиот состав Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, ќе мора да ја пропушти наредната  сезона во НБА лигата бидејќи се опоравува од операцијата на десната Ахилова тетива, изјави генералниот менаџер на тимот, Кевин Причард. „ Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата помина добро… Сепак не сакаме ништо да ризикуваме“ – рече Причард . Ќе потсетиме дека Халибартон се повреди на 22 јуни во финалето против Оклахома.

Read More

Медиумите во Италија се убедени дека фудбалерот на Милан, Тео Ернандез,  ќе замине во Ал Хилал откако ќе заврши Светското клупско првенство во САД. Францускиот интернационалец бидејќи не успеа да издејствува трансфер во шпанскиот Атлетико Мадрид, веројатно ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија. Засега не се потенцира трансферната сума. Преговорите веројатно ќе се интензивираат во почетокот на наредната работна недела.

Read More

Екипата на Јувентус сака да го продаде српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ,  за околу 15 милиони евра. „Старата дама“ драстично го намали барањето само за да се ослободи од фудбалерот кој има договор за уште една година. Влаховиќ во изминатата сезона се појави на 44 натпревари со ефект од 17 голови и 5 асистенции. Според одредени шпекулации, за неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Англија.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија, постигна четири гола на Светското клупско првенство и остана во трката за најдобар стрелец на турнирот. „Ме споредуваат со Раул, легендата. Ако можам да направам барем половина од тоа што тој го направи во овој дрес, тоа ќе биде повеќе од сон“ – рече играчот на „кралевите“. „Не чувствувам голем притисок. Тренерот, играчите, стручниот штаб – сите ми даваат самодоверба“ – рече Гарсија пред дуелот со ПСЖ на Светското клупско првенство.

Read More
NBA

Бредли Бил започнал да ја истражува можноста за преселба во друг клуб откако ќе ги исполни условите и ќе стане слободен кошаркар. Сè уште не е познато кои критериуми ќе бидат клучни за ветеранот при изборот на неговиот нареден состав. 32-годишниот кошаркар во последниот шампионат во НБА одигра 53 натпревари за Феникс постигнувајќи просек од 17 поени 3,3 скока, 3,7 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар.

Read More
NBA

Феникс го раскина двонасочниот договор со Дакон Плоден ( 26 години, 198 см). Кошаркарот се пресели од Атланта како резултат на седумкратен договор за Кевин Дурант. Минатата сезона, кошаркарот играше во 6 натпревари со просек од 7,2 поени и 1,8 скока за 12 минути. Во Г-лигата, неговите бројки беа 15,4 поени и 4,3 скока во 29 натпревари.

Read More

Крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, е блиску до трансфер во Јувентус. Преговорите за 25-годишниот Англичанец напредуваат позитивно.Во наредните денови се очекуваат директни контакти меѓу клубовите од Торино и Англија, објави новинарот Николо Скира. Санчо изминатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, постигнувајќи пет гола и запишувајќи 10 асистенции.

Read More

Тренерот, Симоне Инзаги, го информирал раководството на Ал Хилал дека сака да се раздели со 4 фудбалери. На неговиот списокот се ставени Малком, потоа најдобриот стрелец, Александар Митровиќ (20 гола на 23 натпревари), играчот од средниот ред Каи Цезар и дефанзивецот, Ренан Лоди. Минатата сезона, Ал-Хилал заврши на второто место во Саудиска Арабија а стигна до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони и до четвртфиналето на Светското клупско првенство.

Read More