Ѕвездата на кошаркарскиот состав Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, ќе мора да ја пропушти наредната сезона во НБА лигата бидејќи се опоравува од операцијата на десната Ахилова тетива, изјави генералниот менаџер на тимот, Кевин Причард.
„ Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата помина добро… Сепак не сакаме ништо да ризикуваме“ – рече Причард .
Ќе потсетиме дека Халибартон се повреди на 22 јуни во финалето против Оклахома.

