Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер и тренерот, Раул Алонсо, спогодбено го раскинаа договорот бидејќи 46-годишниот Шпанец побарал да си замине од Битола откако се појавија шпекуации дека има понуда од екипата на Лајпциг. „Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. Toa дојде по барање на тренерот, кој поради приватни причини сака да се врати во Германија .Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму!“, се вели во соопштението на шампионот. Кој ќе го замени веројатно ќе биде објавено набрзо пред стартот на подготовките за наредната сезона.
Author: dino
По трагичната вест за смртта на Диого Жота и неговиот брат, исто така фудбалер, Андре, во сообраќајна несреќа, се огласи клубот во кој настапуваше Португалецот. „Фудбалскиот клуб Ливерпул е скршен од веста за трагичната смрт на Диого Жота. Клубот е информиран за трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа нашиот играч и неговиот брат Андре. Ливерпул нема да дава понатамошни коментари во овој момент, само бараме приватност за семејството, пријателите и соиграчите на Диого, како и за членовите на клубот и почит кон сите оние кои се обидуваат да се помират со оваа ужасна вест и ужасна загуба. Продолжуваме да ја даваме…
Фудбалерот на Ливерпул Диого Жота, загинал во собраќајна несреќа во покраината Замора во Шпанија, објавија светските медиуми. Трагичниот настан се случил на 65-тиот километар на автопатот А-52, во близина на населбата Паласио де Канабрија. Фудбалерот на Ливерпул починал откако возилото во кое се наоѓал со својот брат Андре излетало од патот и се запалило, изјавија очевидци. Полицијата допрва ќе го истражува настанот во кој животот го загуби 28 годишниот фудбалер на „црвените“ од Англија.
Фудбалерот, Чиро Имобиле, некогашниот напаѓач на Лацио, Борусија Дортмунд, Севилја, Торино, Јувентус и Џенова, ќе се врати во Серија А и тоа во дресот на Болоња. Тој во текот на летово ја прекина соработката со турскиот гигант Бешикташ. Ветеранот треба да потпише едногодишна соработка со освојувачот на Купот на Италија Ќе потсетиме дека Болоња претходно го обезбеди и Федерико Бернардески.
Наполи во наредните денови треба да го потврди трансферот на крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Ноа Ланг. Фудбалерот ја прифати понудата на италијанскиот шампион и ќе потпише за наредните 5 години со плата од 2,5 милиони евра по сезона. 26-годишниот холандски репрезентативец во претходната сезона одигра 44 натпревари и постигна 14 голови. Италијанците за неговиот потпис ќе платат околу 30 милиони евра вклучително со бонуси.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Турција, Ергин Атаман го објави списокот на играчи за Европското првенство кое ќе стартува кон крајот на август. На листата се: Адем Бона, Алперин Шенгун, Берк Угурлу, Чеди Осман, Еркан Османи, Еркан Јилмаз, Фуркан Коркмаз, Онуралп Битим, Омер Јуртсевен, Дејвид Мутаф, Сертак Шанли, Шејн Ларкин, Шемус Хазер, Јигит Арслан, Џигиткан Сајбир. Турција ќе игра во групата А заедно со селекциите на Србија, Чешка, Португалија, Летонија и Естонија.
Прославениот кошаркар на Шпанија, Серхио Родригез, ќе го наследи Алберто Херерос на позицијата спортски директор во Реал Мадрид. Тој има 28 трофеи меѓу кои се издвојуваат двете светски титули со Шпанија, златен медал на Евро-баскетот во 2015-тата и второ место на Олимписките игри во 2012 година. „Кралевите“ во наредниот период ќе мора да обезбедат и нов тренер откако Чус Матео најави заминување.
Екипата на Милвоки се раздели со кошаркарот, Крис Ливингстон, објавија денеска медиумите во САД. 21-годишниот поентер (198 см) беше избран на 58-мо место на НБА драфтот во 2023 година. Во текот на 2 сезони со тимот, кошаркарот одигра 42 натпревари, постигнувајќи 1,3 поени и 1,3 скока за 4,7 минути во просек.
Фудбалерот, Луис Суарез, ќе го напушти Интер Мајами на крајот на годинава кога ќе му истече договорот со тимот од САД. 38-годишниот ветеран има опција да се врати во татковината во Уругвај или евентуално да означи крај на богатата кариера. Напаѓачот му се приклучи на Интер Мајами во јануари во 2024 година и досега има одиграно 62 меча и постигнато 34 голови.
Фудбалерот на Аталанта, Матео Ретеги, кој беше најдобар стрелец во Серија „А“ во изминатата сезона, може да добие понуда да се пресели во Саудискиот клуб Ал-Кадишија. Се претпоставува дека првичната сума за трансферот ќе биде максимум 60 милиони евра. Италијанецот во претходната сезона се појави на 36 средби и постигна 25 голови.
