Фудбалерот на Ливерпул Диого Жота, загинал во собраќајна несреќа во покраината Замора во Шпанија, објавија светските медиуми.
Трагичниот настан се случил на 65-тиот километар на автопатот А-52, во близина на населбата Паласио де Канабрија. Фудбалерот на Ливерпул починал откако возилото во кое се наоѓал со својот брат Андре излетало од патот и се запалило, изјавија очевидци.
Полицијата допрва ќе го истражува настанот во кој животот го загуби 28 годишниот фудбалер на „црвените“ од Англија.

