Author: dino

Екипата на Пиза која по 34 години се врати во Серија „А“, го обезбеди на тренерската позиција, Алберто Џилардино. Поранешниот италијански репрезентативец потпиша договор за две сезони со опција за продолжување на уште една. Џиралдино досега има работено во Про Верчели, Сиена и Џенова.

Read More

Миле Свилар кој беше прогласен за најдобар голман во Серија „А“ за претходната фудбалска сезона, ќе го продолжи договорот со Рома, објавија медиумите во Италија. Србинот кој има активен договор до 30 јуни во 2027, сега ќе потпише нова соработка за вкупно осум години. Свилар во 51 натпревар во сите конкуренции прими 51 гол а на 19 мечеви ја зачува мрежата недопрена.

Read More

Манчестер Јунајтед станува прва опција за напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш, наведуваат медиумите во Англија. Иако Швеѓанецот првично се поврзуваше со трансфер во Арсенал, сега работите може драстично да се променат. Имено, „топчиите“ се повеќе притискаат за Бенџамин Шешко додека Јунајтед не се откажува од варијантата да испрати понуда за напаѓачот на португалскиот состав.

Read More

Манчестер Јунајтед во почетокот на јули ќе го реализира трансферот на фудбалерот, Брајан Мбемо. Тој ќе ги помине задолжителните медицинските прегледи и ќе се пресели на стадионот –„Олд Трафорд“.   „Црвените ѓаволи“ за потписот на црномурестиот играч ќе треба да платат околу 65 милиони фунти со вклучени бонуси.

Read More

Кошаркарскиот состав на Реал Мадрид ќе го промени тренерот и покрај освојувањето на шампионската титула во домашни рамки. Актуелниот селектор на шпанската репрезентација, Серхио Скариоло, ќе стане нов шеф на мадридскиот клуб, пишува инсајдер Матео Андреани. Неговата последна клупска работа беше во Виртус. Со екипата од Болоња го освои Евро-купот во 2022 година.

Read More
NBA

Генералниот менаџер на Голден Стејт Вориорс, Мајк Данливи, зборуваше за преговорите со кошаркарот, Џонатан Куминга. „Приоритет за двете страни е да постигнат договор што е можно побрзо. На крајот на краиштата, од Куминга зависи дали ќе потпише и дали сака да остане тука“ – рече менаџерот. Куминга регуларниот дел од сезоната во НБА ја заврши со просек од 15,3 поени, 4,6 скока и 2,2 асистенции на 47 натпревари.

Read More
NBA

Кошаркарот на Бруклин, Егор Демин, вели дека е подготвен да ја покрие секоја позиција иако главната улога му е да биде организатор на нападот. „Целиот живот сум плеј-мејкер но, исто така сум подготвен да направам сè што е потребно за да го направам тимот успешен. Значи, ако тренерот сака да бидам центар, ќе бидам центар, нема проблем“ – рече Демин. „Мислам дека кошарката е место за креативност. За мене е како уметност “ – рече играчот на Бруклин.

Read More

Фудбалерот од средината на теренот, Франк Кеси, ги отфрли последните гласини за трансфер во италијанската екипа Рома. Репрезентативецот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска изјави дека ќе остане во саудискиот тим Ал-Ахли уште една година. Деновиве се појави информација дека Рома го планира 28-годишниот Кеси кој има играно во Милан.

Read More
NBA

Поранешниот тренер  на кошаркарите на Далас, Ејвери Џонсон, очекува Маверикс да се вратат на шампионските патеки. „Тимот ќе биде неверојатен откако Кајри Ирвинг ќе оздрави. Тие сè уште го имаат Ентони Дејвис. Ќе го потпишат повторно Даниел Гафорд. Овој тим е изграден да биде еден од најдобрите во лигата“ – вели Џонсон.„ Имаат неколку квалитетни млади играчи кои доаѓаат од клупата. Тие имаат светла иднина“ – рече поранешниот тренер на Далас.

Read More

Арсенал отвори преговори со Валенсија за трансфер на централниот дефанзивец Кристијан Москера. „Топџиите“ го гледаат 20-годишниот како идеална замена за Вилијам Салиба или Габриел доколку некој од нив не може да игра. Москера младински репрезентативец на Шпанија. Тој во претходната сезона одигра 90 мечеви за Валенсија.

Read More