Играчот на Милан, Малик Тиа, е блиску до преселба во Комо, пишува денеска италијанскиот новинар, Фабрицио Романо. Двата клуба се согласија за трансфер на 23-годишниот дефанзивец. Договорот е вреден околу 25 милиони евра но, дали ќе се реализира зависи од одлуката на играчот. Германскиот репрезентативец се активираше во Милан во 2022 година кога го напушти составот на Шалке. .
Author: dino
Англискиот фудбалски клуб Барнли го потпиша левиот бек, Квилинџи Хартман, од холандскиот Феенорд. 23-годишниот репрезентативец на Холандија ќе има договор за три сезони и за прв пат ќе игра во Премиер лигата. Хартман има четири настапи и еден гол за репрезентацијата на Холандија.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја запиша втората победа на ИТФ фјучерсот во Загреб со награден фонд од 15.000 долари. Тој по голема борба славеше против вториот носител, Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1, по сетови: 2-6, 6-1 6-2. Ивановски сега го четвртфиналето во хрватската престолнина против домашниот тенисер, Вито Тонејц, кој успеа да го елиминира петтиот носител Раџеновиќ од Србија.
Калјари ги комплетираше трансферите на напаѓачот на Аталанта, Роберто Пиколи и играчот од средниот ред, Мишел Адопо. Двајцата во претходната сезона играа како позајмени од екипата од Бергамо и ги оправдаа очекувањата на челниците на тимот. Трансферната цена за 24-годишниот италијански напаѓач била 12 милиони евра. За 24-годишниот Адопо од Брегот на Слоновата Коска, тимот од Сицилија ќе плати 3,8 милиони.
Луѓето од Милан ќе мора да испратат подобрена понуда за фудбалерот од средниот ред на Бриж, Ардон Јашари, откако белгискиот состав одби 27 милиони евра и дополнителни три како бонуси. 22-годишниот швајцарски репрезентативец во измината сезона одигра 52 натпревари со ефект од 4 гола и 6 асистенции. Според последните наводи, „росонерите“ може да ја зголемат сумата до максимални 32 милиони иако Бриж сака да добие 35.
Лиам Делап вели дека не се плаши да го носи дресот со број 9 во Челзи иако според локалното суеверие, тој носи несреќа во редовите на „сините“. 22-годишниот напаѓач го постигна првиот гол за Лондончани на Светското клупско првенство во САД. „Играчот треба да верува во себе. На крајот на краиштата, тоа е само бројка. Не ми значи многу“ – рече Делап. „Не верувам во такви работи. Се надевам дека ќе можам да продолжам да покажувам добри резултати“ – изјави играчот на „сините“.
Лука Вилдоза веројатно ќе ја продолжи кариерата во екипата на Виртус, објавија дел од медиумите на „Чизмата“. 29-годишниот аргентински плејмејкер имаше разочарувачка сезона со Олимпијакос. Тој на 33 средби во Евро-лигата имаше просек од 4,8 кошеви, 1,5 скока и 2,7 асистенции. Според наводите, италијанскиот состав сака да го ангажира кошаркарот. Виртус е подготвен да ја плати сумата што ќе ја побара грчкиот тим
Возачот на КТМ во Мото Гран При шампионатот, Марк Вињалес, по трката во Италија, оценува дека неговиот тим заостанува само во еден сегмент во однос на Дукати. „Возев добро, се борев со Дукати на нивната патека, тоа е навистина добар знак. Генерално, многу позитивен викенд“ -рече Шпанецот. „Моторот на Дукати е полесен за возење кога ќе ја отпуштите предната сопирачка“ – рече Вињалес.
Луѓето од Сакраменто сакаат да го ангажираат кошаркарот, Денис Шредер, како слободен агент. Германскиот бек (31 година, 185 см) ја заврши сезоната со просек од 10,8 поени, 2,7 скока и 5,3 асистенции за околу 25 минути поминати на паркетот. Играчот на Детроид реализираше 28 натпревари и заработи околу 13 милиони долари во последната година од договорот.
Кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџус-Александар, отишол да го посети противничкиот играч Тајрис Халибартон, откако заврши седмиот меч за титулата во НБА лигата. Бекот на Индијана заработи потешка повреда на Ахилова тетива во првата четвртина на решавачкиот натпревар но, остана до крај во салата за да го бодри тимот. По дуелот, лидерот на „Тандер“ отиде да го посети противникот. „Тоа е толку навредливо, толку неправедно“ – рече Шеј во неговата реакција за тоа што му се случи на играчот на Пејсерси.
