Играчот на Оклахома Сити, Никола Топиќ, влезе во историјата како прв кошаркар во НБА лигата кој освоил пехар а не одиграл ниту еден меч. Членот на Тандерси беше избран како 12-ти пик на драфтот во 2024 година но, мораше да ја пропушти целата дебитантска сезона поради скинат преден лигамент. Топиќ, кој ја освои титулата на 19 години и 316 дена, стана третиот најмлад шампион веднаш зад Дарко Миличиќ (2004 Детроит, 18 години и 361 ден) и Џонатан Куминг (2022 Голден Стејт, 19 години и 253 дена).
Author: dino
Фудбалскиот состав, Кристал Палас, потврди дека е склучен договор за прекин на соработката со Џон Текстор. Претходно беше потенцирано дека ко-сопственикот потпишал договор за продажба на неговиот дел од 43 проценти на Вуди Џонсон за 190 милиони фунти. Текстор беше принуден да ги продаде акциите бидејќи е главен акционер и на францускиот состав Лион кој како и Кристал Палас обезбеди место во Лига Европа.
Челниците на Ливерпул би можел да му понудат на Кристал Палас околу 30 милиони фунти за потписот на фудбалерот, Марк Гуеји. 24-годишникот е заинтересиран да замине на стадионот – „Енфилд“ иако според одредени шпекулации, неговото име се наоѓа на трансфер листата и на Арсенал, Тотенхем и Њукасл. Тој во претходната сезона одигра 34 натпревари во Премиер лигата со ефект од 3 гола 2 асистенции.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се насочи кон вториот натпревар на Светското клупско првенство против мексиканскиот тим, Пачука. „Имаме интензивен и многу значаен натпревар против добар противник. Нивниот тренер Лозано имаше восхитувачка кариера. Сакаме да играме добро и да победиме“ – рече Алонсо. „Уште е рано да се прави општа анализа. Бараме решенија а натпреварите ни покажуваат што да подобриме. Високите температури сигурно влијаат на играта “ – рече тренерот на „кралевите“.
Koшаркарот на Сан Антонио Спарс и на репрезентацијата на „галските петли“, Виктор Вембањама, ја откри според него идеалната стартна петорка на сите времиња во НБА лигата. 21-годишната супер-ѕвезда потенцираше дел од легендите и ги постави според позициите на теренот. Еве ја идеалната стартна петорка на Вембањама. Плејмејкер: Стеф Кари, бек-шутер: Мајкл Џордан, крило: Леброн Џејмс, крилен центар: Тим Данкан и центар: Шекил О’Нил.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека му се допаѓа атмосферата на Светското клупско првенство во САД. Тој вели дека би бил среќен да работи со тим од Јужна Америка и верува дека фудбалот во земји како Бразил и Аргентина е голем предизвик. „Многу, многу добри работи во историјата на фудбалот дошле од Јужна Америка. Знаете, особено од Бразил, Колумбија, Аргентина, Уругвај. Би рекол сите земји. Одлични играчи доаѓаат во Европа“ – рече Гвардиола.
Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, ја оствари петтата сезонска победа во најсилната класа во Мото ГП шампионатот откако триумфираше на трката за Големата награда на Италија. Второто место го освои неговиот брат, Алекс додека Италијанецот, Фабио Ди Џанантонио помина како трет низ целта. Во топ 10 место обезбедија и Банаја, Безеки, Морбидели, Фернандез, Акоста, Биндер и Огура. Во генералниот пласман води Марк Маркез пред неговиот брат Алекс и Банаја. Наредната 10-та трка во Мото ГП ќе биде возена во наредниот викенд за Големата награда на Холандија.
Поранешниот тренер на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека е задоволен од трансферот на Флоријан Вирц откако голгетерот на Баер Леверкузен, деновиве потпиша за актуелниот шампион на Англија. „Ќе биде апсолутно фантастично сигурен сум во тоа. Многу е тешко да се засили шампионски состав. Тие потпишаа со исклучителен талент како што е Вирц“ – рече Клоп. „Црвените“ за напаѓачот платија околу 140 милиони евра. Германскиот репрезентативец потпиша договор за пет сезони.
Баерн Минхен продолжува со напорите да го обезбеди младиот фудбалер, Нико Вилијамс, велат последните информации од Германија. Според објавеното, баварскиот клуб испратил нова понуда до крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во висина 10 милиони евра годишно плус 2 милиони како бонуси. Претходно имаше најава дека тимот од Минехн ќе ја плати откупната клаузула на играчот која изнесува 62 милиони евра.
Фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Норгард, може да добие понуда да се пресели во Арсенал, објави денеска – „Мирор“. Данскиот играч од средниот ред се активираше кај „пчелите“ во летото во 2019 година и се етаблираше како стандарден првотимец. Наводно, тренерот на „топчиите“, Микел Артета, сака да го ангажира корпулентниот фудбалер.Според одредени проценки, трансферната сума за 31-годишниот фудбалер е околу 13 милиони евра.
